about

За нас

Основни вредности

Цел

Основна цел и задача на Академијата за Менаџери е посредување при образование на менаџери и други перспективни кадри во Република Македонија. Оваа институција се залага за подигнување на нивото на знаење и вештини на професионалните кадри, со цел помагање и унапредување на бизнис заедницата на која и се потребни профилирани, обучени и образовани менаџери од различни области, сè во насока за подобар бизнис.


Мисија

Создавање на силна заедница на менаџери во Македонија, ефикасна поддршка на развојот на нивното знаење и база на вештини, како и унапредување на нивниот професионален статус.


Визија

Прераснување во водечка вокациска заедница и центар за студии на Балканот, која ќе го подигне нивото на компетентноста и квалификациите во менаџментот низ развој и дистрибуирање на алатки за менаџерско размислување, техники и практики.