about

За нас

Зошто да се одберат програмите на Академијата?

Исклучителен академски персонал

Академијата за менаџери организира предавања водени од страна на реномирани професори од светски ранг со исклучителна професорска и истражувачка кариера зад себе.
Академијата за менаџери во континуирана соработка и комуникација со бизнис секторот во РМ ги препознава потребите за соодветно образование и истражување, со кое ќе им се помогне на компаниите при соочување и решавање на тековните предизвици и потешкотии.


Поддршка во градење на Вашата кариера

Со знаењето и искуството стекнато за време на студиите ораганизирани од страна на Академијата за менаџери ќе бидете чекор понапред до остварување на Вашите професионални цели и градење на една успешна и завидна кариера. Академијата за менаџери е клучната алка за остварување на Вашите соништа.


Локациски предности

Едноставен пристап до исклучително образование и искуство. Можност да се стекнете со меѓународно признати сертификати и дипломи во Вашиот град без дополнителни транспортни и логистички трошоци и секако по значително пониски цени доколку ја одберете Академијата за менаџери.


Силни врски со стопанскиот сектор

Академијата за менаџери ќе одржува силни врски и континуирана комуникација со сите индустрии застапени во нашата држава, што ќе овозможи прилагодување на потребите на пазарот како и следење на светските трендови и случувања. Можност за размена на меѓународни искуства преку интерактивни предавања и комуникација со професори од повеќе делови на Европа.


Истражувачка средина

Академијата за менаџери со академските ресурси на CITY Колеџ - Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд и Шефилд Универзитетот ќе настојува да ги јакне своите капацитети во областа на истражувачката дејност помагајќи им на компаниите - нашите клиенти, во спроведување на своите стратегии и проекти.