
Aпликации
Процедура за аплицирање
Кандидатите имаат можност да аплицираат по електронски пат, а потоа да ги достават потребните документи во канцеларијата на Академијата за менаџери секој работен ден од 09-17 часот.
Апликациите кои ги исполнуваат очекуваните квалификации ќе бидат интервјуирани од страна на Академскиот комитет:
еден претставник на Академијата за менаџери и еден претставник од CITY Колеџ - Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд..
Успешните кандидати ќе бидат известени за нивното прифаќање на програмата со формално писмо испратено од страна на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ.
Ве молиме да имате предвид дека Академијата за менаџери стриктно го ограничува бројот на места во секоја програма.
Квалификации за аплицирање
За модул (тридневно викенд предавање):
Certificate of Attendance или Certificate of Completion
Учесниците кои ќе посетуваат модули и не аплицираат за која било од постдипломските програми ќе се очекува да имаат задоволително познавање на англиски јазик и по можност две години искуство.
За постдипломските програми:
Postgraduate Certificate или Postgraduate Diploma
Учесниците кои се пријавуваат за постдипломските програми треба да имаат:
Диплома за завршено високо образование од акредитирана институција од било која дисциплина;
Најмалку две години работно искуство;
Познавање на англиски јазик:
Кандидатите кои немаат формални квалификации за познавање на англискиот јазик, но ги задоволуваат останатите услови за запишување и поседуваат акумулирано или неформално познавање на јазикот ќе бидат примени врз основа на нивните резултати при тестирањето за англиски јазик спроведено од страна на CITY Колеџ - Меѓународниот факултет на Шефилд Универзитетот. Успешните кандидати кои имаат доказ за познавање на англискиот јазик поткрепено од меѓународните сертификати TOEFL (писмено тестирање 575/ компјутерско тестирање 232/ интернет тестирање 89-90 бодови) или IELTS: 6, 5 бодови, ќе бидат ослободени од тестирањето за англиски јазик.
Документи за апликација
Документи кои Ви се потребни за запишување на постдипломските програми на Академијата за Менаџери се:
Кратка биографија/ CV на англиски јазик.
Препорака од Вашиот претпоставен или професор на англиски јазик.
Доказ за познавање на англискиот јазик (TOEFL, IELTS или друг соодветен документ). Доколку немате доказ за познавање на англискиот јазик, Академијата овозможува полагање на интерен, прелиминарен тест по англиски јазик согласно дефинираните критериуми.
Диплома за завршено високо образование (преведена на англиски јазик од овластен судски преведувач).
Уверение со положени испити (преведено на англиски јазик од овластен судски преведувач).
Пополнета апликација за учество, достапна на следниот линк: http://managersacademy.mk/pdf/application_2.pdf
*Сите документи треба да се поднесат во печатена верзија во 2 примероци (еден оригинал, или сертифицирана копија и една копија), во канцеларијата на Академијата за Менаџери.
*Документите кои не се на англиски јазик, треба да бидат преведени од овластен судски преведувач.
Уписи и школарина
УПИСИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:
Уписите во програмите на Академијата се континуирани во текот на академската година, согласно предвидената наставна програма.
Заинтересираните учесници, за било која од програмите на Академијата, можат да се пријават најдоцна до две недели пред почетокот на предавањето во избраниот смер, согласно академската програма за тековната година.
ШКОЛАРИНА:
За информации во врска со школарината Ве молиме контактирајте ја канцеларијата на Академијата за менаџери секој работен ден од 09-17часот.
ул. Скупи ББ ,1000 Скопје, Р. Македонија
тел./ факс: +389 2 3064 533
E-mail: office@managersacademy.mk