about

Изјави

Дипломци на Универзитетот Шефилд


Александар Сеизов

Извршен Директор, Урбан Инвест ДОО Кавадарци (4 години)
Финансов директор, Урбан Инвест ДОО Кавадарци, (7 години)


Програмата за магистерски студии за Бизнис Администрација за извршни позиции на CITY Колеџ, меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд ми помогна да го подигнам нивото на согледување на бизнис процесите, како и да ги доразвијам моите способности за менаџирање и раководење. Целокупната програма нуди пристап до нови знаења и нови согледувања кои овозможуваат менаџерот да добие еден нов пристап кон бизнисот. Сфатив дека секоја компанија на светот има слични или исти проблеми - единствено начинот на нивното решавање треба да се прилагоди спрема поединечните компаниски услови..

За академските програми на идните студенти би им препорачал:
Практично искуство кое секој менаџер би требало да го доживее.


Даница Пишева

Aналитичар, ЕБОР (Европската банка за обнова и развој)


CITY колеџ, меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, ми даде можност да го инвестирам своето време и да ги инвестирам своите ресурси во образовните и личен развој на најдобар начин. Интерактивната наставна програма им овозможува на студентите да учат едни од други и да развијат непроценливо вредни организациски и лидерски вештини, како и тимска работа. Искусните предавања, бизнис примерите од реалниот живот, можноста да се сретнат компании и луѓе од бизнис заедницата, достапноста на ресурси со цел олеснување на процесот на учење, се само неколку фактори кои придонесуваат студентите да учат и да разберат како треба да се однесуваат и што треба да направат за да бидат успешни во својата кариера.
Јас ги завршив додипломските студии во 2005 година и се здобив со диплома по Бизнис Администрација (Финансии и Сметководство). Се здобив и со висок квалитет на знаење за финансии, а дипломата од овој реномиран британски Универзитет ми даде можност да ги продолжам моите студии на еден од најдобрите школи за менаџмент во светот ‘SDA Bocconi’ во Италија.
Во продолжение би навела дека изборот на универзитет е еден од најважните одлуки во животот, но целта е иста - образование и искуство кое ќе придонесе за подобар живот и работа..


Драгана Чифлиганец

Актуелна работна позиција: Извршен директор во АДОРА Инженеринг
Маркетинг директор во АДОРА Инженеринг


По магистрирањето од областа на маркетингот на CITY College, The International Faculty of Sheffield University пред пет години, кратко работев во Грција. Странските искуства и теоретските знаења со голем број на case studies - каде се запознав со доста светски имиња на успешни денeска корпорации, а некогаш мали фирми кои следеле трендови, а секако најуспешните го презеле ризикот за иновации, ми беа солидна основа, за надградбата потоа со практичната работа во семејната градежна компанија АДОРА Инженеринг каде ги следам меѓународните страндарди и трендови. Учев од искусни и зрели стручни лица, професионалци и менаџери, што не беше лесна, но се покажа како многу корисна и добитна комбинација. Искуството од работата на проект од областа на ПР-от во австриска фондација, каде повеќе дознав за општествената одговорност, ме насочи како таа на најдобар начин може да се имплементира во Македонија и во нашата компанија. Со секојдневна едукација и усовршување, маркетинг секторот во АДОРА Инженеринг го водам кон поголема професионалност, со акцент на промотивно-рекламниот дел и медиумската афирмација, каде се вклучени сите видови медиуми. На CITY College, The International Faculty of Sheffield University бев дел од постидпломските студии на програмата Маркетинг, Адвертајзинг и Односи со јавноста, каде насловот на магистерската теза ми беше: “Promotional Strategies for SMEs for R. Macedonia”.
На сите идни студенти кои сакаат да бидат успешни во учењето и потоа во работата, им порачувам да ризикуваат и да не се плашат од ништо, зошто додека се млади, имаат право на грешки, секој има право да проба и да си го оствари својот сон и нема потреба од стравување дека нема да успее. Само со добро подлога од студиите и да не се плашиме од светските искуства да ги применуваме и кај нас заедно со позитивна мисла, може да се успее, и секако со работа, работа и само работа..


Филип Велковски

Косопственик и Менаџер за развој, ADvantage creations

Додипломски студии во Бизнис Администрација (Маркетинг)
Магистер по Менаџмент (Логистика и менаџмент на снабдувачки синџири)
Тековна работна позиција: Косопственик, Менаџер за развој во ADvantage creations, маркетинг агенција, основана во јуни 2011 година.
Претходно работно место: Маркетинг Менаџер на On.net и Специјалист за адвертајзинг и медиуми во мобилниот оператор ONE.


Студирањето на CITY колеџ (Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд) ми даде знаење како да ги совладувам и да им приоѓам на сите предизвици на аналитички начин, размислувајќи надвор од стандардите. Сите предавачи, односно професори преку разни студии од реалниот живот не научија како да им пријдеме на комплексните предизвици преку теоретски и практични вежби. Стекнатото знаење на CITY колеџот ми помогна да се справам со проблемите на работното место.
Програмите на Универзитетот Шефилд и нивниот стручен кадар, дефинитивно ќе ги прошират вашите хоризонти и ќе ви дадат поттик за постигнување на вашите цели.


Ирена Чаушевска

Генерален менаџер, Сивус Едукативен и Развоен Центар
Магистер по Маркетинг, Адвертајзинг и Односи со јавност


Имајќи во предвид дека дипломирав на Правен факултет, токму знаењето стекнато за време на магистерските студии наCITY College, The International Faculty of Sheffield University на програмата во периодот 2005-2006 година имаше клучна улога за мојот успех на работните позиции кои следеа. Иако имав и претходно работно искуство од 3 години, студирањето на CITY College, The International Faculty of Sheffield University придонесе да стекнам конкретно и практично знаење од областа на маркетинг и менаџмент и вештини употребливи на пазарот, како и самодоверба дека можам да се носам и со повисоки менаџерски позиции.

Можноста за првото вработување по завршување на програмата ја добив уште на завршниот Career Fair организиран од страна на CITY College, The International Faculty of Sheffield University и тоа во телекомуникациската компанија Он.нет на позицијата Раководител за односи со јавност, а веќе по една година бев унапредена во Менаџер за маркетинг и односи со јавност во истата компанија. Потоа следеше позицијата Маркетинг директор во Алсат-м телевизија, па отворање на сопствена маркетинг агенција.

Од минатата година го раководам Сивус Едукативниот и Развоен Центар, фирма ќерка на меѓународната софтверска компанија Сивус, при што токму знаењето стекнато на CITY College, The International Faculty of Sheffield University ми помага во осмислувањето на маректинг стратегијата на компанијата која мора да произлегува од бизнис стратегијата на компанијата но и во голем дел да придонесе во нејзината успешна реализација.

Им порачувам на сите идни магистранти дека програмите на CITY College, The International Faculty of Sheffield University се многу повеќе од теорија напишана во убави книги, тие се сублимирано знаење и вештини пренесени од квалитетни професори практичари, тие се мрежа на контакти, отворање на нови видици, поместување на сопствените граници и градење на кариера каква што сте посакувале.



Миа Томовска

Специјалист за маркетинг комуникации, T-Mobile, (7 години)
Асистент за бизнис развој
Асистент за претставување на кампањи


Универзитетот Шефилд ми даде одлична основа и практично знаење да бидам подготвена брзо да ги совладам сите предизвици во професионалниот развој. ...завршив додипломски студии со специјализација во Маркетинг, во 2005 година.

Најголемиот предизвик во професионалниот свет е да се развијат потребните вештини, работна етика и знаење. Ако сте дел од дипломците на Универзитетот Шефилд, тоа ќе ве направи горди сопственици на сите три од нив ..


Радмила Јончевска

Радмила Јончевска, Директор на фондација е-Македонија, Македонски Телеком АД – Скопје
(1 година)

Специјалист за спонзорства, донации и фондации, Македонски Телеком АД – Скопје, (2008 – 2012)


Целосниот начин на функционирање на универзитетот е насочен кон полесно, подобро и поквалитетно обучување на студентите. Пристапот на предавачите, навработените, на целиот универзитет вистински придонесува да разберемe како функционира заедницата во која ќе работиме. И што е најважно, ни помага да влеземе и да бидеме дел од неа. Можноста да бидам дел од тимот за комуникација во Македонски Телеком ја добив преку саемот на кариера организиран од страна на универзитетот, а компаниските очекување ги исполнив благодарение на знаењето и искуството кое го добив во годините поминати на Шефилд.

Дипломирав настудиизаБизнис Администрација, насока Маркетинг, а постдипломски студии завршив за Маркетинг, Адвертајзинг и ПР

Високото образование треба да не подготви за светот што не чека како возрасни. Да не едуцира за нашата определба, но и да не научи да се справиме со разните ситуации кои ќе следат откако ќе заврши. Она што го прави универзитетот Шефилд посебен и различен е што целиот тој процес е навистина забавен.


Ромела Поповиќ Трајкова

Раководител на сектор за Економски политики и Регулаторна реформа Влада на Република Македонија


Местото од каде црпев инспирација, и се здобив со најголемите бенефиции за понатамошен развој на мојата кариера, го препушувам токму на квалитетот на предавањатана CITY College, The International Faculty of Sheffield University. Сметам дека комбинацијата на професорите кои беа експерти во сопствените области и предавачите од реалниот сектор ни даде широка перспектива на практична примена на теоријата. Со особено задоволство на секој студент беше дочекуван моментот кога професорите со меѓународно искуство ќе започнеа со „Ајде да видиме како е тоа во - вистинскиот живот “.
Покрај тоа, воспоставениот систем на образование се одликува со уште една уникатна карактеристика, а тоа е поттикнување на слободата во размислувањето. Преку интерактивна настава, се стимулираа дискусии со студентите, кои не само што не наведоа да размислуваме надвор од поставените теоретски ограничувања, туку и преку критично проценување, да ги увидуваме можности за подобрување во секоја свера.
Имам многу добри спомени од тој период на студии, нешто што навистина ми остана покрај стекнатото знаење од стручната област на извршното менаџирање е богата мрежа на контакти со професионалци од цел регион. Во секој случај добро искуство кое вредеше за секоја потрошена пара.


Владимир Христов

Владимир Христов, Менаџер за клучни потрошувачи, ЕВН Македонија

Моето име е Владимир Христов, 32 од Битола. Моментално сум ангажиран како Менаџер за клучни потрошувачи во ЕВН Македонија. Мојот вкупен досегашен работен ангажман е девет години во областа на Продажбата и Маркетингот. Пред да и се приклучам на ЕВН Македонија, својата кариера ја започнав како заменик раководител на продажба во Пивара Битола, а после тоа како директор на маркетинг во Хеинеманн-Македонија.


На Executive MBA Програмата на Сити Колеџот, Меѓународниот Факултет на Универзитетот од Шефилд, Велика Британија се приклучив во академската 2010/11 година како стипендист на Програмата Борис Трајковски, доделена од страна на Претседателот на Република Македонија.
Во текот на времетраењето на моите постдипломски студии ги согледав вистинските предности на Еxecutiveплатформата за унапредување на образованието. Програмата е одлично дизајнирана, вешто изготвена и иновативно дистрибуирана до слушателите. Истата ги спојува најновите академски сознанија од аспект на можностите за нивна примена во решавањето на вистински проблеми и ситуации на деловен план. Понатаму, она што навистина ме восхити кај оваа Програма е фактот што преку истата вистински ја запознав својата организација – ЕВН Македонија од сите можни перспективи: операциите на компанијата, нејзината маркетинг стратегија, финансискиот менаџмент, менаџментот на базата на таленти, бренд менаџментот, логистиката на компанијата и многу други области.
Мојата посветеност кон работата во компанијата како и имплементацијата на стекнатите знаења во праксата сметам дека ја овозможија мојата промоција како Менаџер за клучни бизнис потрошувачи во нашата земја. Мојата магистерска теза ќе го опфати академското подрачје во делот на функционирањето на пазарот на електрична енергија во де-регулирани услови. Се работи за лонгитудинална квалитативна студија којашто досега не е применета во овој регион и во таа смисла би сакал да им се заблагодарам на персоналот на Факултетот за несебичната помош и поддршка за реализација на тој истражувачки проект, како и за целата поддршка за време на студиите.
Би сакал да им порачам на сите коишто размислуваат за продолжување на своето образование: академските програми нудат одлични предавачи, проучување на вистински случаи кои може да се применат во пракса и одлични бази на податоци. Вие сите знаете дека Вашиот бизнис има свои поставени цели. Академијата ќе Ви помогне да уживате и во самиот пат до остварувањето на тие цели.

Студенти на Академија за Менаџери


Илчо Бојчевски

Генерален Извршен Директор, Cosmic Development


Како Генерален Извршен Директор на Cosmic Development, компанија која ги нуди сите можни услуги поврзани со информатичката технологија, одговорен сум за широк спектар на деловни процеси и активности. Истото подразбира потреба од поседување не само на технички вештини со кои веќе се имав стекнато преку моите додипломски студии, туку и истовремено практикување на општи и бизнис компетенции потребни за успешен развој на една компанија. Оттука произлезе и мојот интерес за МБА програмата која ја нуди Академијата на Менаџери преку Универзитетот Шефилд, со цел доусовршување на моите вештини за раководење на компанијата како и одење чекор напред кон нови знаења и согледувања што би овозможило подигнување на нивото на разбирање и поинаков и уште подобар пристап кон бизнисот. Она што го очекувам од програмата е конкретна примена на теоретските концепти во дневните и стратешки деловни предизвици и инспирација за понатамошен развој на моите бизнис инстинкти и компанијата. Конечно, Гледам голема придобивка од организацијата на наставата, од можноста да се запознаам со колеги од бизнис заедницата, и од интерактивните часови во кои се поттикнува критичната мисла – со цел уште повеќе да ги проширам моите видици преку согледување на нови насоки за подобрување во било која област.

Би сакал да им препорачам на сите оние кои размислуваат во правец на долгорочно развивање на своите вештини и знаења дека добрата едукација овозможува поместување на границите кои си ги поставуваме и проширување на слободата во размислувањето.


Христина Рашевска Наковска

Финансиски Раководител, КА-ДИС/ SEAT Macedonia


Согласно голем првичен елиминативен процес на избор од страна на генералниот увозник на Seat во Македонија - КА-ДИС/ SEAT Macedonia за позицијата финансиски асистент и ликвидација на побарувања и обврски и соодветно поставување на паричниот тек, бев иницијално вработена и на тоа место како штотуку завршена студентка на економски студии со едногодишно работно искуство. На оваа иницијална позиција бев неполна година. Во исто време го спроведувавме големиот инвестициски проект за изградба на големиот продажно - сервисен центар на SEAT согласно меѓународни стандарди каде што, согласно моите едукативно искуство и интензивни посветени активности за негово соодветно спроведување, напредував во Финансиски Раководител, потоа во Менаџер за Финансии каде што работам тековно.
Со цел едукативно и праткично усовршување во областа на Менаџментот (Стратегиски Менаџмент) и добивање на меѓународно искуство и пристап на економските активности и предизвици барав можност за запишување на Постипломски Студии / MBA од Меѓународен и светски карактер но со можност во Македонија. Токму во таа цела концепција единствено се вклопи програмата на Академија за Менаџери под академска надлежност на Универзитетот Шефилд и CITY Колеџ - Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, која што првично ме совлада со таа едноставна идеа - меѓународно образование и искуство во домашни услови.
Пристапувањето во оваа програма (согласно мојот избор Стратегиски Менаџмент) ги надмина моите очекувања во однос на професиноналниот пристап и начинот на нејзино презентирање. Целосната сублимација од врвни професори, меѓународни техники и знаења, интернационално искуство и голема интерактивност во однос на решавање на одредени зададени проблеми придонесува не само за едукативно усовршување туку и во севкупно градење на личноста и во градењето на пристап во секое поле од животот.
Во една кратка и концизна сублимација за мене: прекрасно искуство, врвна едукација, одличен пристап, врвни предавачи, многу интерактивност, размена на идеи и дружење - "lifetime experience". Едно вакво врвно искуство би препорачала на секој оној кој знае дека инвестицијата во едукација за себе е најисплатлива во секој поглед.


Оливер Никушев

Генерален Менаџер, ИН Такси
Ко-сопственик, Флит Консалтинг


Како генерален менаџер на најголемата такси компанија во земјата уште од нејзиното основање и ко-сопственик на компанија која обезбедува консултантски услуги на возниот парк на повеќе од 30 големи и средни претпријатија низ целата земја, во исто време, секогаш бев во потрага по академска институција која ќе ми помогне да го продлабочам моето знаење, но која ќе ми понуди и доволно флексибилност да останам концентриран на работата и мотивација да ги завршам студиите.
Академијата за Менаџери е единствената образовна организација која е прилагодена на моите потреби и очекувања и сигурен сум дека академската програма ќе ми помогне да го комплетирам мојот професионален статус. Студирањето на смерот Стратешки менаџмент ми даде можност да ги проширам моите хоризонти во бизнис сферата и да ги збогатам моите вокациски вештини, додека се забавувам на предавањата предводени од исклучително квалитетни професори. Часовите се многу динамични и интерактивни, а на истите се користат техники кои ни помагаат да разбереме како да се стави теоријата во пракса, како да се справиме со современите карактеристики на менаџментот, како до подобрување на нашите аналитички вештини, критичко мислење и специјализација на нашите капацитети за донесување одлуки.
Студентските услуги понудени од страна на Универзитетот Шефилд ми помaгаат да учам од голем број на светски познати студии на случаи и примери во многу пријатна атмосфера ... јас само добив корисничко име и лозинка и наеднаш се најдов во светот на EBSCO и бескрајната заедница составена од тони и тони вредни материјали за читање.
Ја препорачувам Академијата за Менаџери на сите потенцијални професионалци од нашата бизнис заедница, кои се желни да напредуваат во својата кариера и да го направат тоа со задоволство. Академијата за Менаџери ќе ви овозможи да се запознаете со бизнис алатки кои навистина работат и се лесно применливи во реалниот живот.



Ана Бојевска

Генерален Извршен Директор, CARDENA Care Ltd


Родена во Македонија и доктор на Стоматологија од Факултетот за стоматологија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје... Се претставувам како основач и ко-сопственик на CARDENA Care Ltd, компанија која е дистрибутер на ELMEX и WATERPIK, производи за орална хигиена за продажба на големо во Македонија. Пред отворањето на CARDENA Care Ltd, работев како стоматолог и како медицински претставник во една од домашните клиники основана во земјата.
Ја одбрав Академијата за Менаџери, бидејќи верувам дека ќе ми обезбеди уникатна вредност на знаење и пракса, со оглед на искуството со кое што се здобивам на предавањата одржани од страна на исклучитено квалитетни професори, како и преку вмрежување со колегите-студенти кои се менаџери од различни сектори на бизнис сферата.
Ја препорачувам Академијата за Менаџери на сите менаџери од средно и извршно ниво, особено на новите претприемачи, како и на менаџерските тимови на малите и средни претпријатија во земјата. Присуствувајте на предавањата и проширете го вашето искуство со цел постигнување на подобри перформанси, подобрување на вашите бизнис практики и развој на нови идеи во вистинската насока.
Сведок сум за високото ниво на специјализирани деловни знаења на моите пријатели во земјата кои се дипломци на Универзитетот Шефилд. Со примена на своите вештини во спроведувањето на деловните процеси во компаниите каде што работат, тие навистина се издвојуваат на пазарот и во земјата како целина.
Од оваа перспектива, изборот да бидам дел од програма овозможена од Универзитетот Шефилд преку Академијата за Менаџери ме прави уште попродуктивна во мојот бизнис сегмент и многу, многу среќна како личност.




Галерија