Започнување со првото предавање
Првото викенд предавање на Академијата за менаџери ќе се одржи од 23 – 25 ноември, а ќе започне со првиот модул од програмата Стратешки менаџмент: Стратешко менаџирање на МСП (мали и средни претпријатија): градење одржлива конкурентна предност.
Предавањето ќе го предводи г-н Стелиос Кехајас, консултант и сениор професор на CITY Колеџот при Универзитетот Шефилд на магистерските студии за Бизнис администрација наменети за извршни позиции, чија што специјализација во наставата е Стратешки менаџмент. Предавањето ќе го одржи др. Емануел Гомес, кој е истакнат професор за Стратегија и меѓународен бизнис на Менаџмент Школата при Универзитетот од Шефилд, чии специјализации во наставата се Меѓународен бизнис, Стратегиски менаџмент, Управување на меѓународни стратегиски алијанси, спојувања и превземања. Тој е директор на пост-дипломските програми за Меѓународен бизнис и на додипломските програми за Меѓународен бизнис менаџмент.
За академската 2012 – 2013 година заклучно со месец мај, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации во програмите: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии.
За преглед на целосната програма кликнете
овде. Аплицирајте веднаш!
За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери на:
office@managersacademy.mk
+389 2 3064 533
+389 78 360059
Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија
Галерија