Анализа на инвестиции

Предавањето го одржa д-р Атанасиос Фасас, професор по Финансии и сметководство во оделот за Бизнис аминистрација и економија на CITY Колеџ – Меѓународниот факултет на Шефилд Универзитетот. Д-р Атансиос Фасас работи и како советник за инвестиции во Пегасус Хартии од Вредност СА, членка на Атинската берза за тргување со хартии од вредност.

Како гостин-предавач на ова предавање учествуваше г-дин Јован Гавриловски, сертифициран СМС консултант и поранешен менаџер на Националната Програма на Бизнис Советодавни Услуги (BAS) на ЕБОР во Македонија. Г-нот Гавриловски ја поздрави иницијативата за формирањето на Академијата за Менаџери и воедно изјави:
"Ако 19-тиот век беше век на нови технологии, 20-тиот век беше век на услужните бизниси, 21-тиот век е ера на лицата кои поседуваат знаење!"

Предавањето ќе придонесе суштински да се навлезе во тематиката на управување со портфолиа, и безбедност и анализа на хартии од вредност. Студентите ќе се запознаат со суштината на инвестирањето и најновите случувања во инвестициската теорија, пазарите на капитал и вреднување на основните средства. Понатаму, студентите ќе се здобијат со знаење во модерните квантитативни методи на безбедност и вреднување на портфолио. Анализата на безбедност на хартии од вредност ќе се фокусира на фиксен приход и капитал. Ќе бидат разгледани важни емпириски и теоретски докази, заедно со практична примена на алатки и методологии.

За академската 2012 – 2013 година заклучно со месец мај, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации во програмите: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии. За преглед на целосната програма кликнете овде. Аплицирајте веднаш!

 

За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери на:

office@managersacademy.mk
+389 2 3064 533 +389 78 360059
Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија

 

Галерија