„Претприемништво: успешно лансирање и менаџирање нови бизниси“
Предавањето претставува преглед на претприемништвото и иновацијата како процес и стил на менаџментско работење. На него се разгледуваат предизвиците и проблемите со кои се соочуваат претприемачите и менаџерите и од теоретски и од практичен агол. Најпрво се испитуваат факторите што влијаат врз претприемничката дејност, преземањето иницијативи и работното однесување. Понатаму, се разгледува претприемничкиот процес, со посебен акцент на тоа како да се препознаат можностите и критичните фактори кои содејствуваат во текот на самиот процес. Конечно, предавањето претставува само по себе рамка со чија помош новите бизниси можат да креираат здрави организациски системи, структури и култури.
Предавањето го одржа г-ѓа Виолета Сфури, раководител на додипломските студии по бизнис администрација и на Катедрата за економија на CITY колеџ, меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд.
Специјален гостин на ова предавање беше основачот и ко-сопственикот на Логин системи Венко Глигоров, кој со практични примери им презентираше на студентите како да се креира подобра бизнис околина и на тој начин да се стимулира економскиот раст.
За академската 2012 – 2013 година заклучно со месец мај, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации во програмите: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии.
За преглед на целосната програма кликнете
овде. Аплицирајте веднаш!
За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери на:
office@managersacademy.mk
+389 2 3064 533
+389 78 360059
Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија
Галерија