Пазарни стратегии за одржлив развој
Целта на овој модул е да креира свесност кај учесниците за значењето на процесот на планирање и контрола во маркетинг активностите. Неговиот акцент е ставен на стратешката позиција на планирањето и контролирањето во организациската средина. Воедно, учесниците ќе научат како да ги применуваат постоечките аналитички модели и техники, мерки и алатки при планирањето на маркетинг активностите и контрола на нивната имплементација, со цел постигнување врвни резултати.
Предавањето ќе го одржи г-н Стелиос Кехајас, консултант и редовен професор на магистерските студии за Бизнис администрација наменети за извршни позиции на Меѓународниот факултет — CITY Колеџ при Универзитетот Шефилд, чијашто специјализација во наставата е Стратешки Mенаџмент.
Втор професор на ова предавање е Крис Лиасидес, професор по Маркетинг менаџмент и Операции за управување во Одделот за Бизнис Администрација и Економија на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, CITY Колеџ. Тој работел како постар ревизор за ROBSON RHODES овластени сметководители и како консултант инженер за THE BEINHAM MEIKLE PARTNERSHIP во Велика Британија. Тој моментално работи како маркетинг консултант за STEROPAL СА.
За академската 2012 – 2013 година заклучно со месец мај, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации во програмите: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии. За преглед на целосната програма кликнете овде. Аплицирајте веднаш!
За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери на:
office@managersacademy.mk
+389 2 3064 533
+389 78 360059
Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија