Стратешко менаџирање на човечки ресурси
Овој модул критички ќе ги разгледува периодите на драматични промени во менаџирањето на човечки ресурси кои се случуваат во Југо-Источна Европа и оние промени кое се очекува дека ќе настанат. Со фокусирање на влијанието на засилената глобална конкуренција, технолошките промени, флуктуациите на валутите, дерегулацијата и промените кои секојдневно настануваат, организациите се обидуваат да се фокусираат повеќе на нивните критички внатрешни ресурси, особено луѓето. Организациите се состојат од луѓе чии активности, односи и ставови ги обликуваат организациските способности; овој модул ќе се концентрира на развојот на овие вештини и практики, како и на теориите кои помагаат да се објасни и да се одржи нивната ефикасност со оглед на драматичните промени што се случуваат. Овој модул има за цел да го премости јазот помеѓу клучните области на организациско однесување и управување со човечките ресурси и фокусот во истиот е ставен на целосно подобрување на стратешкото менаџирање со луѓе.
Предавањето ќе го одржи д-р Лесли Самози, професор и академски директор на Магистерските студии за Бизнис Администрација, наменети за извршни позиции при Универзитетот Шефилд и меѓународниот факултет – CITY колеџ.
Д-р Самози поседува екстензивно искуство од приватниот и јавниот сектор во Канада. По пет години искуство како маркетинг менаџер во меѓународна корпорација за био-технологија и опто-електроника во Отава (Канада), д-р Самози работел како приватен консултант за различни организации вклучувајќи ги: Европска Унија (KOMVER II Проект), Digital Electronics (сега дел од Compaq компјутери), Развој на Човечки Ресурси во Канада, Индустрија Канада, КПМГ Менаџмент, Канадска Кралска Банка на Трговија (CIBC), Телеком - Британска Колумбија (BC TEL). Од неодамна, тој работи како независен експерт за Европска Унија (FP-6 / FP-7).
Дел од своите искуства, д-р Самози ги пренесува преку следното видео интервју на тема Менаџирање на Промени:
http://www.youtube.com/watch?v=W3c2G0ztji8&list=UUt_lSVYekh2hT4WLYbY8hUw&index=4
Вториот професор предвиден за ова предавање е Александар Псајхојос, кој поседува магистерска диплома по Менаџмент во Услужните Дејности (од Универзитетот Јорк, Велика Британија) и докторат во Бизнис Администрација (од Универзитетот Ворвик, Велика Британија).
Покрај тоа што работи како професор на Универзитетот Шефилд и меѓународниот факултет – CITY колеџ, тој е научен соработник со истражувачката група GNOSIS при менаџмент школата на Универзитетот Ливерпул (Велика Британија).
На предавањето ќе присуствуваат членови од Македонската Асоцијација на Човечки Ресурси (www.mhra.mk), како почесни учесници – експерти во дадената област.
За академската 2012 – 2013 година заклучно со месец мај, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации во програмите: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии. За преглед на целосната програма кликнете овде. Аплицирајте веднаш!
За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери на:
office@managersacademy.mk
+389 2 3064 533
+389 78 360059
Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија
Галерија