Анализа на финансиски извештаи

Сметководствените информации се критичен инструмент при презентирањето на финансиска слика на една корпорација пред надворешните и внатрешните групи или корисници со цел подобрување на процесот на донесување одлуки. Овој модул го објаснува процесот на креирање на сметководствените информации, во согласност со Меѓународните сметководствени стандарди (МСС) и Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), а потоа истите се анализирани и интерпретирани. На тој начин се поттикнува критичко наместо автоматско прифаќање на основните претпоставки зад сметководство. Се поврзува теоријата со практични примери и студии на случаи врз основа на реални бизнис ситуации во услужните дејности, малопродажбата и производствените индустрии. Овој модул ќе им помогне на идните менаџери да научат како се чита меѓу редовите на сметководствените податоци, со цел да можат да креираат одржлива конкурентна предност за нивната компанија во согласност со МСС и МСФИ.

Предавањето ќе го одржи професор Панајота Скуларики од Шефилд Универзитетот и Меѓународниот факултет - CITY Колеџ, специјалист по Меѓународни Сметководствени Стандарди, Ревизија, Општествена Одговорност и Етика, Финансиски Извештаи и Анализи и Корпоративни Финансии. Г-ѓа Скуларики има екстензивно искуство од бизнис сферата, посебно од Јужно Африканската Република, каде што има делувано и како активист за образование на децата од најрана возраст. Таа е константно инволвирана во организирање на меѓународни конференции и подготовка на финансиски извештаи пред Обединетите Нации и други специјални комисии.

Придобивки од предавањето

  • • Разбирање на сметководствените основи и принципи.
  • • Разбирање на компонентите на финансиските извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за капиталот и паричните текови) и нивните елементи
  • • Стекнување на знаење и разбирање на различните примарни и секундарни финансиски коефициенти и нивниот комбиниран ефект, со цел постигнување на толкувања и анализи.
  • • Концептуално разбирање на МСФИ и резултантните влијанија на финансиските извештаи.
  • • Апликација на содржината од ова предавање во вашата компанија, веднаш!

Официјален јазик на предавањето е англиски, а секој од учесниците ќе се стекне со Сертификат за присуство, издаден од Универзитетот Шефилд.

За академската 2012 – 2013 година заклучно со месец мај, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации во програмите: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии. За преглед на целосната програма кликнете овде. Аплицирајте веднаш!

 

За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери на:

office@managersacademy.mk
+389 2 3064 533 +389 78 360059
Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија

 

 

Галерија