Е-бизнис и дигитален маркетинг
Развојот на е-бизнисот и интернет-базираните апликации се едни од највпечатливите промени кои имаат извршено влијание врз компаниите во текот на последните две децении. Како последица, во фирмите се извршени радикални промени во т.н. "модус операнди", или преку зголемување на ефикасноста на веќе постоечките процеси или преку воведување на целосно нови бизнис модели. Ова предавање е дизајнирано да им помогне на студентите да ги запознаат овие промени и да ги истражуваат можностите кои интернетот во целина и особено е-бизнисот може да им ги обезбеди на компаниите во различни сектори (на пример, набавки, производство, маркетинг, дистрибуција, услуги за клиентите). Акцентот во овој едукативен модул е ставен на интернет маркетингот, алтернативните и нови промотивни алатки. Дополнително учесниците ќе имаат можност да слушнат повеќе за новите барања во една компаниска средина на 21от век, ќе се запознаат со новите методи на работење, современите организациски структури, како и стилови на управување.
Предавањето е предводено од професор Александрос Харалампидис, Менаџер за дигитална стратегија и социјални медиуми и истакнат гостин професор на Универзитетот Шефилд и Меѓународниот факултет – CITY Колеџ. Своите магистерски студии по дигитален маркетинг ги завршил на Универзитетот Худерсфилд, во Велика Британија. Има долгогодишно познавање во областа на дигиталниот маркетинг и социјалните медиуми и соработува со тимот на Facebook, за изработка на премиум реклами на социјалниот медиум. Г-динот Харалампидис е член на Европската конфедерација за односи со јавност и е сертифициран Google Advertising Professional. Втор професор на ова предавање е г-дин Леон Штика, специјалист за веб и мобилни апликации и онлајн рекламирање. Тој е сертифициран аналитичар со Google Analytics Individual Qualification (GAIQ).
Придобивки од предавањето
- • Способност за ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИОТ ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ во Вашата компанија и развивање на начини за НЕГОВО ПОДОБРУВАЊЕ И ПРИЛАГОДУВАЊЕ на пазарните потреби.
- • Запознавање со ИНФОРМАТИЧКИТЕ СИСТЕМИ кои се фокусираат на ИНТЕРНЕТ и ВЕБ ТЕХНОЛОГИИ и презентација на стратегии за нивна употреба.
- • Создавање на КЛУЧНИ ВЕШТИНИ при практикување на Е-ТРГОВИЈА и Е-МАРКЕТИНГ.
- • Управување и развој на Е-УСЛУГИ, БЛОГОВИ и СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ.
- • Запознавање со НАЈНОВИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА во е-бизнисот и интерактивните маркетинг алатки.
Официјален јазик на предавањето е англиски, а секој од учесниците ќе се стекне со Сертификат за присуство, издаден од Универзитетот Шефилд.
За академската 2012 – 2013 година заклучно со месец мај, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации во програмите: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии. За преглед на целосната програма кликнете овде. Аплицирајте веднаш!
За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери на:
office@managersacademy.mk
+389 2 3064 533
+389 78 360059
Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија
Галерија