Финансиски Менаџмент и Сметководство за Стратешки Одлуки!
Опис на предавањето
Модулот се фокусира на изучување на принципите на корпоративните финансии, вклучувајќи инвестирање во проекти кои би резултирале со поврат на вложените средства поголем од прифатливиот минумум, и избор на финансиски микс кој што ќе доведе до еден прифатлив минумум, кој исто така одговара на вложените средства. Модулот ги запознава учесниците со структурата на капиталот и дивидендата согласно одредена организациска одлука. Начинот на вреднување на материјалните средства е претставен преку практичен пристап.
Професор
Предавањето го одржува д-р Јанис Асимакопулос. Д-р Асимакопулос е диломиран економист, поседува магистерска титула во Финансии и банкарство и докторат во Финансии од Универзитетот од Велс, Велика Британија.
Тој работи како постар економски и финансиски аналитичар во Народната Банка на Република Грција и исто така е член на Европската комисија, во Високиот комитет за прашања поврзани со финансиски услуги.
Како предавач тој работи на Hellenic Open University и на СИТИ Колеџ – меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд. Во минатото, д-р Асимакопулос исто така има работено како професор по Банкарство, Финансиски Анализи, Управување со Ризици и Статистика на Универзитетот од Велс, Велика Британија, на Универзитетот во Пиреја и во Атинската Лабораторија за Бизнис Администрација (АЛБА).
Д-р Асимакопулос има работно искуство и како финансиски аналитичар и менаџер на фондови во Инвестицискиот фонд за пензиско осигурување на Hellenic Telecom.
Поседува сертификати за Инвестициски Менаџер и Финансиски Аналитичар од Hellenic Capital Markets Commission. Автор е на голем број статии, објавени во интернационални академски списанија.
Галерија