Развој на нови производи и услуги: Создавање вредност преку иновации

Опис на предавањето

Овој модул ја опфаќа теоријата и практиката на развој и лансирање на нови производи, нагласувајќи го процесот на планирање. Вклучена е анализа на основните концепти како и темелна дискусија на случаи од реалниот живот, во обид да се поврзат наодите од истражувањата со апликација на академската теорија. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со развој на стратегија, генерирање на концепт за производ, концепт на тестирање, лансирање на производ и сите други аспекти кои се од важност при претставување на нов производ на пазарот. Овој модул им обезбедува на учесниците знаење како преку менаџерски пристап да ги запознаат чекорите и процесите кои се дел од развојот на еден производ. Чекорите и процесите кои се разгледуваат во овој модул, се однесуваат и се апликабилни за развој на нови потрошувачки и индустриски производи, како и за развој на услуги

Професор

Предавањето го одржа д-р Димитрис Николаидис. Д-р Николаидис поседува:

- Научен докторат во Спортски менаџмент и Слободни студии од Temple University, САД
- Магистратура во Управување и маркетинг на спортски организации од Temple University, САД

На Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, д-р Николаидис предава Односи со јавноста, Маркетинг на услужни дејности и Однесување на потрошувачите. Како професор, тој има работено и на Универзитетот Аристотел во Солун, каде што ги предавал следните предмети: Маркетинг во спортски организации, Управување на спортски организации и Комуникации. Во моментот, д-р Николаидис е раководител на секторот за Бизнис, администрација и економија на СИТИ Колеџ. Тој има искуство и како раководител на Алфа Телевизија за Северна Грција, комерцијален и административен директор на фудбалскиот клуб Арис, претседател и директор на Грчко-американската Академија во Филаделфија САД, генерален директор на Филаделфија Flames фудбалскиот клуб во САД и помошник за информации и статистика во Филаделфија Sixers во САД. Тој е член на Северно-американското друштво за спортски менаџмент, на Националното здружение за спортски менаџмент, на Американското друштво за проучување на правни аспекти во спортот и на Грчкото друштво за атлетски администратори. Д-р Николаидис има објавено повеќе од 50 натписи во национални и меѓународни академски списанија на теми поврзани со спортски менаџмент и маркетинг, професионален спорт, комуникација и спонзорства.

 

 

Галерија