Технолошки и оперативен менаџмент
Опис на предавањето
Технолошкиот и оперативниот менаџмент се занимаваат со создавање на производи и услуги од кои сите ние зависиме, а истовремено се причини за постоењето на било која организација, без разлика дали таа е голема или мала, ориентирана кон производи или услуги, и дали е профитна или непрофитна по својата природа. Оперативниот менаџмент, исто така, е во центарот на многубројните промени кои влијаат врз светот на бизнисот – промени во карактеристиките кај потрошувачите, промени во мрежата на понудувачи – потикнати од интернет-базираните технологии, како и промени во степенот на одговорност за животната средина што се очекува од компаниите. Промовирањето на креативност која ќе им овозможи на организациите да одговорат на сите овие промени е примарна задача на оперативните менаџери.
Професор
Предавањето го одржа д-р Пасхалис Кастанас.
Д-р Кастанас поседува:
• Докторат за Преработка на храна, од Универзитетот Рединг од Велика Британија
• Магистратура за Преработка на храна, од Универзитетот Рединг од Велика Британија
Д-р Кастанас има големо академско и професионално искуство од различен тип на компании и организации. Тој моментално живее во Атина и работи во Нестле С.А. Грција, а во исто време предава на Извршните МБА програми на СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд во Солун. Неговото професионално искуство датира одамна, од Велика Британија и од различен тип на компании, вклучувајќи ги Marks & Spencer, Центарот за применета технологија на процеси и Универзитетот Рединг, како и во голем број на организации и компании во Грција. Истражувачките интереси на д-р Кастанас се во Оперативен менаџмент, Менаџмент на целосен квалитет и Преработка на храна.
Галерија