Модерни финансиски пазари, институции и инструменти
Опис на предавањето
Овој модул се заснова на напредна анализа на улогата и структурата на финансиските пазари и институции во контекст на финансиско посредување, во перспектива со неодамнешниот развој и иновациите на пазарот. Целта е да се опише широкиот спектар на финансиски инструменти достапни на пазарите за инвестирање, финансирањето на различни оперативни активности, како и контрола на различни видови на финансиски ризик. Главниот акцент е ставен на теоријата на асиметрични информации, со нагласување на улогата на владата во финансиската регулатива. Иако во модулот не се дискутира експлицитно за актуелната финансиска криза, теориите кои се разгледуваат ќе им обезбедат на студентите пристап до алатки со кои може да се анализираат дел од елементите кои придонесоа за истата. Теоријата ќе се претстави преку случаи од меѓународниот финансиски систем, а како пример ќе се разгледа карактерот на моменталната криза во грчкиот финансиски систем.
Професор
Предавањето го одржа д-р Павлос Гасис.
Д-р Гасис е редовен професор на СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд. Во неговото портфолио на предавања спаѓаат: Квантитативни методи за бизнис, Статистика, Банкарство, Меѓународен финансиски менаџмент, Економија за бизнис, Основи на менаџмент и Микроекономија.
Докторатот на д-р Гасис е изработен под директно покровителство на Генералниот секретаријат за истражување и технологија како дел од PENED 2003 – Програмата за грантови и стипендии, чија што тема е: “Ефектот на надворешните директни инвестиции во основните сектори на грчката економија преку процесот на технолошка дифузија”.
Д-р Гасис има бројни публикации во меѓународни специјализирани списанија, вклучувајќи ги International Review of Applied Economics и The Journal of Developing Areas.
Галерија