Развој на меѓународно пазарно присуство
Опис на предавањето
Денес, организациите мораат да работат согласно принципите на глобализираниот пазар. Дали тие активно учествуваат или не, фирмите сепак се предмет на меѓународно влијание. Постои еден непобитен факт - брзите промени во рамките на меѓународната средина, како и развојот на комплексни, надворешни, неконтролирани фактори, заедно со значителниот раст на глобалната конкуренција, имаат значително влијание врз организацијата и перспективата за освојување на пазарот во својот сегмент. Овој модул се концентрира на прашања кои произлегуваат во текот на формулацијата на меѓународната маркетинг стратегија во една организација. Модулот ќе се фокусира на развој на маркетинг планови за странски земји со цел да се постигне одржлива конкурентна предност на меѓународниот пазар.
Професори
д-р Лесли Т. Самози.
Д-р Лесли Т. Самози е Професор и Академски директор на извршните МБА студии на СИТИ Колеџот (Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд) и основач на Лабораторијата за стратегиски менаџмент со луѓето. Тој е член на Асоцијацијата на извршни МБА програми (AMBA), како и редовен проценител на проекти финансирани од Европската Унија.
Д-р Самози поседува искуство од приватниот и од јавниот сектор во Канада – како консултант на проектот KOMVER II, во Дигитал Електроникс (дел од COMPAQ Компјутери), во КПМГ Канада, во Канадската Кралска Банка на Трговија (CIBC), во Британско – Колумбиски Телеком, итн. Во неговата академска кариера спаѓаат и бројни семинари и тренинзи во организации од различни сектори: ICAP, Хајнекен, Телеком Косово, Светска Банка, итн.
Негови полиња на експертиза се: Менаџирање на промени, Менаџмент со човечки ресурси, Одлив на мозоци, Меѓународен бизнис и маркетинг.
г-дин Крис Лиасидис
Крис Лиасидис е Професор во Маркетинг менаџмент и Оперативен менаџмент и Академски Директор на Постдипломските Студии во Бизнис, Администрација и Економија на СИТИ Колеџот (Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд).
Крис Лиасидис поседува големо искуство како ревизор во ROBSON RHODES и како консултант во BEINHAM MEIKLE PARTNERSHIP од Велика Британија. Исто така, како дел од неговото
искуство се вбројуваат и многубројни дејности на проекти финансирани од Европската Унија, а поседува и 17 годишно академско искуство во бизнис студии.
За академската 2013 – 2014 година заклучно со месец јуни, Академијата за Менаџери ќе одржи вкупно 16 викенд предавања, како дел од редовните постдипломски програми: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии.
За преглед на целосната програма кликнете овде. (линк до програмата)
Аплицирајте веднаш!
За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери.
office@managersacademy.mk
+389 2 3064 533
+389 78 360059
Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија
Галерија