Стратешко менаџирање на финансиски услуги
Опис на предавањето
За разлика од другите едукативни модули од овој смер, кои се концентрираат на една одредена функција од бизнис сферата - сметководство, финансии, маркетинг, производство, човечки ресурси, или информациски системи – Стратешко менаџирање на финансиски услуги е модул кој ги интегрира сите овие функции. Овој модул го претставува целиот спектар на бизнис сферата и менаџментот. Во центарот на вниманието се малите и средни претпријатија - индустријата и конкурентната средина во која работат, нивните долгорочни насоки и стратегии, ресурси и конкурентни способности и нивните изгледи за успех. Целта на овој модул е да се покаже како добар стратешки менаџмент води кон добар бизнис и ефикасност во работењето, да ги презентира основните концепти и алатки за стратешка анализа и да им влее знаеење на студентите за методите на изработка на добро осмислена стратегија и успешна егзекуција на истата во секторот на финансиските услуги.
Професори
г-н Стелиос Кехајас
Предавањето ќе го одржи г-н Стелиос Кехајас, консултант и редовен професор на магистерските студии за Бизнис администрација наменети за извршни позиции на Меѓународниот факултет — CITY Колеџ при Универзитетот Шефилд, чијашто специјализација во наставата е Стратешки Mенаџмент.
За академската 2013 – 2014 година заклучно со месец јуни, Академијата за Менаџери ќе одржи вкупно 16 викенд предавања, како дел од редовните постдипломски програми: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии.
За преглед на целосната програма кликнете овде. (линк до програмата)
Аплицирајте веднаш!
За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери.
office@managersacademy.mk
+389 2 3064 533
+389 78 360059
Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија
Галерија