Интегрирани маркетинг комуникации

• Како успешно да го промовирате Вашиот производ на пазарот?

• КОЈА Е МАГИЈАТА НА НАЈУСПЕШНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ ОД ОБЛАСТА НА МАРКЕТИНГОТ?
• Зошто продажните промоции веќе не бележат успех?
• КАКО ИДЕАЛНО ДА СЕ УПОТРЕБАТ СИТЕ АЛАТКИ ОД МАРКЕТИНГ МИКСОТ ЗА ВАШАТА СТРАТЕГИЈА ДА БИДЕ УСПЕШНА, И ПРОИЗВОДОТ ДА СЕ ПРОДАВА, ПРОДАВА И ПРОДАВА ПОВТОРНО?
• Креирајте маркетинг стратегија за постигнување на максимална вредност, наместо прифатлив резултат!

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ПРЕДАВАЊЕТО?

• Анализа на влијанието на рекламирањето врз општеството, економијата и бизнис сферата.
• Потенцирање на вредноста на Маркетинг планот и Комуникацискиот микс во рамките на маркетинг стратегијата на Вашата организација.
• Разбирање на потребата и важноста на новите медиуми.
• Критичка дискусија за перцепцијата на потрошувачот и начините на убедување за да се постигне посакуваниот резултат – ПРОДАЖБА!
• Разбирање на важноста на селекцијата на медиумите.
• Разгледување на факторите кои придонесуваат за зголемено инвестирање во продажната промоција.
• Едукативниот модул е фокусиран на изучување на процесот на креирање интегрирана маркетинг стратегија, согласно потребите на пазарот, карактеристиките на производот или услугата и современите алатки и технологии. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со различните терминологии, концепти, теории, како и со најновите случувања и иновации, и со импликациите при управување со комуникациските елементи на даден маркетинг микс, а посебен фокус ќе биде даден на рекламирање и продажна промоција. Модулот опфаќа и разгледување на примери и случаи од индустријата на меѓународно ниво

За преглед на распоредот за викенд предавањето (14-16 март), кликнете овде.

ПРОФЕСОР:
Крис Лиасидис

Крис Лиасидис е професор во Маркетинг менаџмент и Оперативен менаџмент и академски директор на постдипломските студии по Бизнис, администрација и економија на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ.

Крис Лиасидис поседува големо искуство како ревизор во ROBSON RHODES и како консултант во BEINHAM MEIKLE PARTNERSHIP од Велика Британија. Исто така, како дел од неговото искуство се вбројуваат и многубројни дејности на проекти финансирани од Европската Унија, а поседува и 17 годишно академско искуство во бизнис студии.



За академската 2013 – 2014 година заклучно со месец јуни, Академијата за Менаџери ќе одржи вкупно 16 викенд предавања, како дел од редовните постдипломски програми: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии.

За преглед на целосната програма кликнете овде. (линк до програмата)
Аплицирајте веднаш!

За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери.
office@managersacademy.mk
+389 2 3064 533
+389 78 360059
Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија

 

Галерија