БАНКАРСКИ МЕНАЏМЕНТ И ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ

БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ ВО БАЛКАНСКАТА ЕКОНОМСКА СРЕДИНА

50% ПОПУСТ!

ПРОМОТИВНА ПАКЕТ ПОНУДА НА ВИКЕНД СЕМИНАРИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ШЕФИЛД!


Стекнете се со Сертификат од Универзитетот Шефилд!

Понудата трае до 8 мај 2014г.
Аплицирајте веднаш!

Локација: Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје
За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери:
office@managersacademy.mk
www.managersacademy.mk
+389 2 3064 533
+389 78 360 059
Ул. Прашка бр.23, 1000 Скопје, Р. Македонија

9-11 мај: Банкарски менаџмент и финансиски услуги:
Предавањето се фокусира на функциите и начинот на менаџирање на комерцијални и инвестициски банки, нивната улога во економијата и влијанијата согласно кои истите се менуваат на глобално ниво. Во детали се разгледуваат потрошувачките и комерцијалните кредитни анализи, управување со средства и обврски, како и управување со ликвидност и ризик, менаџирање на кредитна политика, адекватност на капитал и регулатива. Дополнително предавањето ги покрива следните теми: инвестициски банкарски активности, подигнување на капитал, советување при спојувања и преземања, брокерски активности, управување со средства, трговија на имот и инвестиции. Учесниците ќе се запознаат со главните фактори кои би можеле да придонесат за неодамнешната финансиска криза, заедно со потенцијалните корективни мерки кои се препорачуваат за нивелирање на истата.
Линк до програмата: овде

Професори:
Д-р С. Белос

Д-р Белос го стекнал своето образование и успешно дипломирал во областа на економијата и машинското инженерство. Докторските студии во економија ги завршува на Универзитетот Бат од Велика Британија (University of Bath, UK), а моментално работи на пост-докторска тема: “Проценка на програмите и политиките на Меѓународниот Монетарен Фонд во економиите во транзиција, за време на периодот на транзиција и пост-транзиција.” Д-р Белос поседува 15-годишно искуство од индустријата, како консултант за корпоративно кредитирање на мали и средни претпријатија во грчкиот банкарски сектор. Неговото академско искуство се одликува со бројни меѓународни публикации во: Bulletin of Economic Research, International Review of Applied Economic, Latin American Journal of Economics, Economics Bulletin, Journal of Management and Sustainability, итн.
Г-дин Е. Пападопулос
Г-дин Пападопулос е независен консултант за бизнис развој во Романија и Грција, по неговото претходно искуство како регионален менаџер за централна и источна Европа во осигурителната компанија METLIFE – ALICO со седиште во Букурешт. Покрај тоа, г-дин Пападопулос бил дел и од следните значителни институции од банкарскиот сектор на Балканот и пошироко: BANCA ROMANEASCA, Романија - дел од Националната банка на Грција (како Проектен менаџер во оделот за лично банкарство); EMPORIKI BANK ROMANIA (CREDIT – AGRICOLE) (како Менаџмент консултант); MILLENIUM BANK GREECE (како Директор на оделот за банкарство на физички лица за северна Грција); CITIBANK NA, GREECE (како Аналитичар на инвестиции и Менаџер на секторот за подршка на продажба). Магистерските студии ги завршил на Универзитетот од Саутемптон во Велика Британија (University of Southampton, UK), поседува Сертификат за преговарач со високи перформанси од IESE бизнис школата од Барселона, a неговото академско искуство како предавач датира од 1991 година.

13-15 јуни: Банкарство и финансии во Балканската средина:
Структурата на предавањето ќе им овозможи на учесниците да изградат свое гледиште за монетарната економија и да се запознаат со контроверзните теми во монетарната теорија и политиката на стабилизација. Во главниот фокус на предавањето ќе биде монетарната политика и водењето на истата, бидејќи таа го сочинува јадрото на макроекономската рамка во која банките и другите финансиски институции работат. Дополнително ќе се обработуваат одредени важни аспекти од банкарството и финансиите на европско и меѓународно ниво.
Линк до програмата: овде

Професор:
Д-р Х. Никас

• Д-р по економија на Универзитетот Јорк од Велика Британија (University of York, UK)
• М-р по европски студии, од Колеџот на Европа oд Бриж, Белгија (College of Europe, Bruges)
Д-р Никас предава на катедрата за економија на Универзитетот Јорк (University of York, UK) и Универзитетот Лидс (University of Leeds, UK), на катедрата за европски студии на Универзитетот Брадфорд (University of Bradford, UK) и на катедрата за политички науки на Универзитетот Хул (University of Hull, UK). Тој е член на Стопанската комора на Р. Грција и на Кралското економско општество. Неговите истражувачки интереси се во областите на: Меѓународен бизнис и економија, Економска интеграција, Маркетинг и менаџмент во услужните дејности.

Академијата за Менаџери стриктно го ограничува бројот на места за секое од предавањата.


 

Галерија