Предавање од Универзитетот Шефилд, и Меѓународниот факултет СИТИ Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје:

СТРАТЕШКИ МАРКЕТИНГ/ ПАЗАРНИ СТРАТЕГИИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Предавањето овозможува теоретско и практично разбирање на аспектите на стратешкиот маркетинг и важноста на стратешките одлуки. Планирањето, имлементацијата и контролата на маркетинг активностите се темелно разгледани и објаснети, со што учесниците ја разбираат структурата на маркетинг планот и инволвираните стратегии.


Модулот има за цел на учесниците да им овозможи познавање на основните аспекти на планирањето и контролата на операциите во областа на маркетингот, од стратешки аспект, и да ги демонстрира можностите за аплицирање на аналитичките модели и техники врз планирањето и контролата, за постигнување на супериорни резултати.


Професор:
Д-р НИКОС ДИМИТРИАДИС


Д-р Димитриадис работи, предава и истражува во областа на Маркетингот и Комуникациите низ целата своја кариера. Работното искуство кое го стекнал од обете перспективи, во маркетинг сектор од страната на клиентот, како и од страната на маркетинг агенција, го прави интересен и соодветен предавач за учесници од различни профили во овој сегмент. Дел од брендовите за кои Д-р Димитриадис има придонесено за нивниот директен развој на различни пазари низ Балканот се IKEA, Nestle, Holcim, MOL и Banca Intesa Sanpaoplo. Автор е на повеќе трудови од областа на Маркетингот и Комуникациите, а добитник е и на престижните IPRA и SABRE награди


Локација за одржување на предавањето: Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје


Стекнете се со Сертификат од Универзитетот Шефилд!
Аплицирајте веднаш!




 

Галерија