Аплицирајте за стипендија за предавање на една од најпрестижните образовни институции во светот - Универзитетот Шефилд!


ДОБИЈТЕ СТИПЕНДИЈА КОЈА ЈА ДОДЕЛУВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА OБРАЗОВАНИЕ И НАУКА И БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ПРЕДАВАЊЕТО НА АКАДЕМИЈАТА ЗА МЕНАЏЕРИ ВО СКОПЈЕ, НА ТЕМА: БАЛКАНСКАТА ЕКОНОМСКА СРЕДИНА ВО БАНКАРСТВОТО И ФИНАНСИИТЕ.

Бројот на стипендии за ова предавање е ограничен на 15.


Рок за апликација: 18 ноември 2014г.


Локација за одржување на предавањето: Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје


Повеќе за објавениот конкурс можете да прочитате тука или на www.managersacademy.mk.


21-23 ноември 2014г:

БАНКАРСТВО И ФИНАНСИИ ВО БАЛКАНСКАТА ЕКОНОМСКА СРЕДИНА

Структурата на предавањето ќе им овозможи на учесниците да изградат свое гледиште за монетарната економија и да се запознаат со контроверзните теми во монетарната теорија и политиката на стабилизација. Во главниот фокус на предавањето ќе биде монетарната политика и водењето на истата, бидејќи таа го сочинува јадрото на макроекономската рамка во која банките и другите финансиски институции работат. Дополнително ќе се обработуваат одредени важни аспекти од банкарството и финансиите на европско и меѓународно ниво.


Професор:


Д-р ХРИСТОС НИКАС

-Д-р по економија на Универзитетот Јорк од Велика Британија (University of York, UK)


-М-р по европски студии, од Колеџот на Европа oд Бриж, Белгија (College of Europe, Bruges)


Д-р Никас предава на катедрата за економија на Универзитетот Јорк (University of York, UK) и Универзитетот Лидс (University of Leeds, UK), на катедрата за европски студии на Универзитетот Брадфорд (University of Bradford, UK) и на катедрата за политички науки на Универзитетот Хул (University of Hull, UK). Тој е член на Стопанската комора на Р. Грција и на Кралското економско општество. Неговите истражувачки интереси се во областите на: Меѓународен бизнис и економија, Економска интеграција, Маркетинг и менаџмент во услужните дејности.


Стекнете се со Сертификат од Универзитетот Шефилд!
Аплицирајте веднаш!




 

Галерија