Предавање од Универзитетот Шефилд, и Меѓународниот факултет СИТИ Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје:

ХЕЏИНГ СТРАТЕГИИ И ДЕРИВАТИВИ

Овој модул им нуди на студентите можност да се запознаат со теоретските и практичните аспекти на пазарите за финансиски фјучерси, опции и други деривати. Овие инструменти станаа екстремно популарни инвестициски алатки во текот на изминатите 25 години и имаат генерирано изобилство на иновативни производи и идеи.


Дериватите станаа една од најважните алатки во модерните финансии, и од академска и од практична гледна точка. Овој модул се фокусира на изучување на техниките за вреднување на фјучерси и опции со цел да се откријат бројните практични аспекти на нивната употреба. Особено, во овој модул се дефинираат главните видови на деривати, покажува колку тие се користат за постигнување на различни шпекулантни и хеџинг цели и ги запознава студентите со процесот на креирање на цени за истите.


Професор:
Д-р Атанасиос Фасас


Д-р. Атанасиос Фасас поседува диплома за извршни МБА студии од Бизнис школата Леонард Стерн при Универзитетот Њујорк од САД. Д-р. Фасас работи како Инвестициски консултант и Брокер повеќе од 15 години, официјално сертифициран од Helenic Capital Market Commission и Athens Derivatives Exchange. Покрај тоа, Д-р. Фасас е професор на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд во областа на Финансиите, на додипломски и постдипломски студии. Автор е на повеќе научни истражувања и трудови во областа на Финансиите, со примарен фокус на Финансии во областа на деривати и хеџинг фондови.