Предавање од Универзитетот Шефилд, и Меѓународниот факултет СИТИ Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје:

МЕНАЏИРАЊЕ БРЕНД ВО ВРЕМЕ НА ПРОМЕНИ

Овој модул има за цел да го пренесе значењето и важноста на брендовите, преку презентација на значењето на брендовите за потрошувачите и запознавање со алтернативни стратегии кои можат да бидат имплементирани од страна на компаниите да управуваат правилно со своите брендови. Иако брендот може да претставува нематеријално средство со непроценлива вредност, менаџерите при креирањето и негувањето на силен бренд ќе бидат затекнати со значителен број предизвици.


Концептот за вредност на брендот кој што се изучува во овој модул, ќе им обезбеди на студентите перспектива и платформа за толкување на потенцијалните ефекти при имплементација на различни стратегии и тактики за нивните брендови. Стратешки бренд менаџмент вклучува дизајн и имплементација на маркетинг програми и активности за градење, мерење и правилно управување со капиталот на еден бренд.


Професор:
Д-р Ана Круз


Предавањето ќе го одржи Д-р Ана Круз специјалист во Маркетинг Комуникации и Стратегија на Бренд од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Д-р Ана Круз своите докторски студии ги завршила на Бизнис школата на Универзитетот Манчестер во 2006 година, и е почесен член на Институтот за Маркетинг во Велика Британија од 2002 година до денес.


Д-р Круз е добитничка на многубројни престижни награди за нејзиниот придонес во областа на маркетингот и градењето на бренд, меѓу кои:


  • - 2008г. – B2B Награда за Маркетинг (Велика Британија) – финалист за најдобро лансиран производ на пазарот.
  • - 2008г. – Институт за управување со отпад (Велика Британија) – победник во категорија одржлив развој на производ.
  • - 2006г. – Награда за Економски Науки и Истражување (ESRC) - финалист во категоријата најиновативен производ.
  • - 2005г. – Британска Академија за Менаџмент – победник во категоријата “Знаење и учење” од Универзитетот Оксфорд.


Д-р Круз работи за различни корпорации во последните 10 години на различни маркетинг позиции. До неодамна таа беше одговорна за Маркетинг и Комуникации во WRAP – институција за логистика на Министерството за Животна Средина на Велика Британија. Исто така, д-р Круз има практично искуство како Директор на маркетинг и комуникации и Менаџер на Бренд и Производи во TATA Steel Европа, и академско искуство од Универзитетот Манчестер и Универзитетот Салфорд во Велика Британија. Д-р Круз беше главен говорник на конференцијата Маркетинг 360 и е почесен предавач на SNSPA Универзитетот во Букурешт, Романија.




 

Галерија