Предавање од Универзитетот Шефилд, и Меѓународниот факултет СИТИ Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје:

ЛОГИСТИКА И УПРАВУВАЊЕ СО СИНЏИРOT НА СНАБДУВАЊЕ ВО МЕЃУНАРОДНА СРЕДИНА

Интеграцијата на организациите во рамките на еден синџир на снабдување е вреднувана како една од основните конкурентни стратегии, која се очекува да ги издвои лидерите на идната генерација. Додека организациите се обидуваат да ги услужуваат своите клиенти побрзо, поефтино и подобро, менаџерите дојдоа до заклучок дека овие процеси не можат да се направат во изолација, туку тие мора да бидат услогласени со организациските активности во секој смер, со цел заеднички да се споделуваат резултатите и наградите. Постојните искуства мора да се синтетизираат, за да се создаде менаџерска перспектива на суштинските задачи и предизвици неопходни за ефикасно развивање на синџирите на снабдување во иднина. Синџирот на снабдување вклучува членови од секој оддел во рамките на организацијата, како што се инженери, менаџери на продажба, оперативни менаџери, менаџери за логистика, специјалисти за продажба, финансии итн. Филозофијата и главната намена на ова предавање е да обезбеди увид во она што синџирот на снабдување претставува, зошто тој станува сѐ поважен, и кои се идните предизвици кои ги очекуваат менаџерите за логистика.



Професор:
Д-р Панајотис Кетикидис


Предавањето ќе го одржи Д-р Панајотис Кетикидис, заменик директор за истражување, иновации и меѓународни односи на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, –, претседател на Управниот Комитет и Академски директор на докторската програма на Центарот за истражување на Југоисточна Европа (SEERC). Д-р Кетикидис има над 25 годишно искуство во едукација и истражувањето во сферата на логистика и управување со синџирот на снабдување.


Професор Кетикидис своите докторски студии ги завршува на CITY Универзитетот во Лондон, Велика Британија, во областа на системска наука – информатика во здравството, додека пак постдипломските студии ги завршува во областа на компјутерските науки, на West Chester Универзитетот, Пенсилванија, САД.


Професот Кетикитис е член на Административниот борд на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, тело кое што дава насоки и ја води академската и развојна стратегија на факултетот од 1993 до сега. Дополнително, професор Кетикидис беше раководител на одделот за Компјутерски науки на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, од 1993 до 2001 година. Исто така, тој бил проектен менаџер во Sterling Drug Inc., Филаделфија, САД, одговорен за сите фази во процесот на развивање софтвер за поддршка на истражувачки откритија од 1989 до 1991 година; системски аналитичар во болницата на Универзитетот во Пенсилванија и истражувачки асистент на West Chester Универзитетот, САД, од 1984 до 1986 година.


Неговите инстражувачки интереси се во делот на синџирот на снабдување, информатика во здравството, иновации и регионален развој, како и во делот на научните дисциплини со цел разбирање на денешните и идните комплексни проблеми во оваа сфера. Тој има над седумдесет публикации во форма на статии, книги, конференциски материјали, технички статии и извештаи. Професор Кетикидис е главен уредник во International Journal of Innovation & Regional Development (IJIRD), уредник во International Journal of Logistics Economics and Globalisation (IJLEG), европски уредник во International Journal of Enterprise Network Management (IJENM), и член на истражувачки комитети во бројни национални и меѓународни конференции и работилници.


Локација:


Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје


Датуми на одржување:


3-5 јули 2015г.


Преземете го распоредот за предавањето тука.


Рок за апликација:


30 јуни 2015г.


За повеќе информации:


(02) 3064 533


office@managersacademy.mk


www.managersacademy.mk




 

Објави:

Галерија