Предавање од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје:


ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА – СТРАТЕГИИ И ТАКТИКИ
PR – STRATEGIES AND TACTICS

Професионалците од секторот на Односи со јавноста, треба секојдневно да ја подобруваат својата улога, но не само преку збогатување на своето портфолио со традиционални и менаџерски вештини, туку, исто така, со способноста да истражуваат и да ги разбираат различните проблеми кои можат да влијаат на организацијата за која работат. Се очекува сепак од еден практичар денес да биде во можност да развие планови за односи со јавноста, да создаде и да распространи привлечни и ефективни пораки користејќи ги традиционалните и новите медиуми, и на крајот да ја оцени нивната ефикасност. Предавањето нуди темелно изучување на теоријата и практиката на Односите со јавноста, преку анализирање на професијата во контекст на современите организации и нејзиното влијание врз различните јавности - внатрешни и надворешни. Предавањето, исто така ќе се фокусира на професионалниот развој во областа, како и на основни прашања и принципи како што се корпоративната социјална одговорност, односите со медиумите, планирање на односите со вработените, потрошувачите и заедниците.

Примарна цел на овој модул е да придонесе за подобрување на вештините и компетитивноста за вработување на учесниците. Модулот има за цел да им обезбеди на учесниците можност да ја разберат теоретската рамка на науката и да развијат практични вештини во комплексната област на Односите со јавноста. Со користење на различни теории и принципи, како и преку работилници, студии на случај, примери од индустријата, учесниците ќе бидат во можност да се стекнат со вистинска смисла на Односи со јавноста и да бидат изложени на практиката на професијата.



ОЧЕКУВАНИ ПРИДОБИВКИ!

  • Вештини за критичка евалуација и апликација на основните теории за Односи со јавност;
  • Познавање на процесот на планирање и воспоставување, развој на план за Односи со јавност;
  • Разбирање на употребата на алатките за Односи со јавност и знаење да се создадат или да се развијат нови, адаптабилни алатки, согласно условите на дадена ситуација;
  • Познавање и разбирање на тоа како различни медиуми играат улога во областа на Односите со јавноста;
  • Реализирање на важноста на новите медиуми и новите технологии во областа на комуникациите и равивање на вештини за проценка на практичните импликации од нив;
  • Способност да се препознае и да се дискутира развојот и сегашната примена на принципите за Односи со јавноста поврзани со различни области како што се медиумите, заедницата, внатрешните и надворешните односи со јавноста.

МЕТОДОЛОГИИ НА ПРЕДАВАЊЕ:

  • Предавања: ќе бидат одржани серија предавања: на секое предавање ќе бидат анализирани и дискутирани одделни прашања.
  • Работилници: модулот ќе се изведе врз основа на Прирачник за работилница:  работилниците се направени така што студентите во групи ќе ги применуваат главните елементи за планирање на Односите со јавност, како и за планирање на односите меѓу заедниците и односите меѓу вработените. Во текот на овие сесии, студентите ќе имаат можност да се здобијат со темелно знаење за планирање и имплементација на Односите со јавноста во примената на теоретската рамка на кои се изложени.
  • Мултимедија сесии: повеќе теоретски сесии ќе се базираат на видео презентации, проследени со аналитички групни дискусии.
  • Групни разговори: кои ќе им помогнат на студентите при демонстрација на знаење, разбирање и развој на критичко размислување.
  • Студии на случај: ќе бидат анализирани и дискутирани во текот на предавањата. Овој метод ќе им помогне на учесниците да развијат критичко размислување, како и одредена свест и разбирање на специфични прашања.
  • Гости - говорници од индустријата: ќе бидат поканети да ги презентираат и да дискутираат за тековните теми во корпоративните комуникации.
  • Вежби: преку посебни вежби учесниците ќе бидат во можност да ги разберат прашањата поврзани со областа на Односите со јавноста, додека ги применуваат теоретските рамки.

Професор:
Д-р Димитрис Николаидис


Предавањето ќе го одржи д-р Димитрис Николаидис, директор на оделот за Бизнис аминистрација и економија, и постар професор на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.
Повеќе информации за д-р Николаидис се достапни на следниот линк!

 


Кликнете тука за WELCOME NOTE за сите учесници на предавањето!


Погледнете го интевјуто на професор д-р Николаидис на www.tocka.com.mk тука!


Локација:

Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје


Рок за апликација:

15 септември 2015г.


Програмата за викенд предавањето Односи со јавноста - стратегии и тактики е достапна на следниот линк.


АПЛИЦИРАЈТЕ ВЕДНАШ!

За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери

office@managersacademy.mk

www.managersacademy.mk

(02) 3064 533
ул. Скупи, бр. 14, 1000 Скопје, Р. Македонија


 

Објави:


Галерија