Предавање од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје:
АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
FINANCIAL STATEMENT ANALYSIS
Сметководствените информации се критичен инструмент при презентирањето на финансиска слика на една корпорација пред надворешните и внатрешните групи или корисници со цел подобрување на процесот на донесување одлуки. ОВОЈ МОДУЛ го објаснува процесот на креирање на сметководствените информации, во согласност со Меѓународните сметководствени стандарди (МСС) и Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), а потоа истите се анализирани и интерпретирани. На тој начин се поттикнува критичко, наместо автоматско прифаќање на основните претпоставки зад сметководство. Се поврзува теоријата со практични примери и студии на случаи врз основа на реални бизнис ситуации во услужните дејности, малопродажбата и производствените индустрии. Овој модул ќе им помогне на идните менаџери да научат како се чита меѓу редовите на сметководствените податоци, со цел да можат да креираат одржлива конкурентна предност за нивната компанија во согласност со МСС и МСФИ.
ОЧЕКУВАНИ ПРИДОБИВКИ!
- Разбирање на сметководствените основи и принципи.
- Разбирање на компонентите на финансиските извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за капиталот и паричните текови) и нивните елементи.
- Стекнување знаење и разбирање за различните примарни и секундарни финансиски коефициенти и нивниот комбиниран ефект, со цел постигнување толкувања и анализи.
- Концептуално разбирање на МСФИ и резултантните влијанија на финансиските извештаи.
- Апликација на содржината од ова предавање во Вашата компанија, веднаш!
Професор:
Панајота Скуларики
Предавањето ќе го одржи професор Панајота Скуларики, од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, специјалист во повеќе области, како што се: Меѓународни сметководствени стандарди, Ревизија, Општествена одговорност и етика, Финансиски извештаи и Анализи и Корпоративни финансии. Професор П. Скуларики има екстензивно искуство од бизнис сферата, посебно од ревизорската куќа Deloitte во Јужно Африканската Република, каде што има делувано и како активист за образование на децата од најрана возраст. Таа е константно инволвирана во организирање на меѓународни конференции и подготовка на финансиски извештаи пред Обединетите Нации и други специјални комисии.
Локација:
Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје
Рок за апликација:
29 октомври 2015г.
Програмата за викенд предавањето Анализа на финснсиски извештаи е достапна на следниот линк.
АПЛИЦИРАЈТЕ ВЕДНАШ!
За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери
(02) 3064 533
ул. Скупи, бр. 14, 1000 Скопје, Р. Македонија