Предавање од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје:


Е-БИЗНИС И ИНТЕРНЕТ МАРКЕТИНГ
E-BUSINESS AND INTERNET MARKETING

Развојот на е-бизнисот и интернет-базираните апликации се едни од највпечатливите промени кои имаат извршено влијание врз компаниите во текот на последните две децении. Како последица, во фирмите се извршени радикални промени во т.н. "модус операнди", или преку зголемување на ефикасноста на веќе постоечките процеси или преку воведување на целосно нови бизнис модели. ОВА ПРЕДАВАЊЕ е дизајнирано да им помогне на учесниците да ги запознаат овие промени и да ги истражуваат можностите кои интернетот во целина и особено е-бизнисот може да им ги обезбеди на компаниите во различни сектори (на пример, набавки, производство, маркетинг, дистрибуција, услуги за клиентите). Акцентот во овој едукативен модул е ставен на интернет маркетингот, алтернативните и нови промотивни алатки. Дополнително учесниците ќе имаат можност да слушнат повеќе за новите барања во една компаниска средина на 21от век, ќе се запознаат со новите методи на работење, современите организациски структури, како и стилови на управување.


ОЧЕКУВАНИ ПРИДОБИВКИ!

  • Способност за евалуација на постоечкиот информатички систем во Вашата компанија и развивање на начини за негово подобрување и прилагодување на пазарните потреби.
  • Запознавање со информатичките системи кои се фокусираат на интернет и веб технологии и презентација на стратегии за нивна употреба.
  • Создавање на клучни вештини при практикување на е-трговија и е-маркетинг.
  • Управување и развој на е-услуги, блогови и социјални мрежи.
  • Запознавање со најновите размислувања во е-бизнисот и интерактивните маркетинг алатки.

МЕТОДОЛОГИИ НА ПРЕДАВАЊЕ:

  • Предавања: ќе бидат одржани серија предавања: на секое предавање ќе бидат анализирани и дискутирани одделни прашања.
  • Групни дискусии: кои ќе им помогнат на студентите при демонстрација на знаење, разбирање и развој на критичко размислување.
  • Мултимедија сесии: повеќе теоретски сесии ќе се базираат на видео презентации, проследени со аналитички групни дискусии.
  • Студии на случај: ќе бидат анализирани и дискутирани во текот на предавањата. Овој метод ќе им помогне на учесниците да развијат критичко размислување, како и одредена свест и разбирање на специфични прашања поврзани со е-бизнис и интернет маркетинг.

Професор:
Џорџ Фасас


Предавањето ќе го одржи професор Џорџ Фасас, од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, дипломец на магистерските студии за извршни позиции (ЕМБА) при Леонард Н. Стерн, Бизнис школата на Универзитетот во Њујорк, САД.
Џорџ Фасас работи како консултант за интернет маркетинг и онлајн продажба. Тој е ко-основач на Head in Beds, Консалтинг aгенција за хотелски бизниси и е одговорен за онлајн стратегијата на многубројни хотели и туристички установи во Грција. Професорот Фасас е лиценциран партнер на Google. Повеќе информации за професор Џорџ Фасас на www.linkedin.com/in/georgefassas!

 


Локација:

Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје


Рок за апликација:

11 ноември 2015г.


Програмата за викенд предавањето Е-бизнис и Интернет маркетинг е достапна на следниот линк.


АПЛИЦИРАЈТЕ ВЕДНАШ!

За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери

office@managersacademy.mk

www.managersacademy.mk

(02) 3064 533
ул. Скупи, бр. 14, 1000 Скопје, Р. Македонија


 

Објави:


Галерија