Предавање од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје:


СТРАТЕШКО МЕНАЏИРАЊЕ НА МСП: КРЕИРАЊЕ ОДРЖЛИВА КОНКУРЕНТНА ПРЕДНОСТ
STRATEGIC MANAGEMENT FOR SME: BUILDING AND SUSTAINING COMPETITIVE ADVANTAGE

За разлика од другите едукативни модули од смерот Стратешки Менаџмент, кои се концентрираат строго на една одредена функција од бизнис сферата - сметководство, финансии, маркетинг, производство, човечки ресурси, или информациски системи – Стратешко менаџирање на МСП е модул кој ги интегрира сите овие функции. ОВОЈ МОДУЛ ГО ПРЕТСТАВУВА ЦЕЛИОТ СПЕКТАР НА БИЗНИС СФЕРАТА И МЕНАЏМЕНТОТ. Во центарот на вниманието се малите и средни претпријатија - индустријата и конкурентната средина во која работат, нивните долгорочни насоки и стратегии, ресурси и конкурентни способности и нивните изгледи за успех. Целта на овој модул е да се покаже како добар стратешки менаџмент води кон добар бизнис и ефикасност во работењето, да ги презентира основните концепти и алатки за стратешка анализа и да им влее знаеење на студентите за методите на изработка на добро осмислена стратегија и успешна егзекуција на истата.


ОЧЕКУВАНИ ПРИДОБИВКИ!

  • Развивање на капацитетот за размислување стратешки за една компанија, сегашната позиција, долгорочната насока, нејзините ресурси и конкурентни способности, од калибарот на стратегијата и нејзините можности за стекнување на одржлива конкурентна предност.
  • Развивање на вештини во спроведување на стратешка анализа во различни индустрии и конкурентни ситуации, и обезбедување на темелно разбирање на конкурентна предност пред предизвиците на глобалниот пазар и денешната животна средина.
  • Стекнување искуство во изработката на бизнис стратегија, да се размислува внимателно за стратешките опции, користење на "што ако" анализа за да се оценат алтернативните акции и да се направи правилна стратешка одлука.
  • Развој на овластувања за донесување менаџерски одлуки, вештини како да се процени ризикот на бизнисот, како и подобрување на способноста да се направи валидна одлука и да се постигнат ефикасни резултати.
  • Учење на ефективна работа во групи.

Професор:
Стелиос Кехајас


Предавањето ќе го одржи г-н Стелиос Кехајас, консултант и редовен професор на магистерските студии за Бизнис администрација наменети за извршни позиции на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, чијашто специјализација во наставата е Стратешки Mенаџмент. Професор Кехајас е и Академски директор на Академијата за Менаџери во Скопје, но дополнително на неговото 25 годишно искуство во едукација, корпоративни тренинзи, семинари и консалтинг, тој поседува и значително професионално портфолио од индустријата во редионот.

Повеќе информации за професор Стелиос Кехајас и за неговите публикации се достапни на следниот линк

 


Датум: 27 - 29 ноември 2015г.

Локација: Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје

Рок за апликација: 25 ноември 2015г.

Предавањето се одржува целосно на англиски јазик.
Стекнете се со Сертификат од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.


Повеќе информации:

(02) 3064 533
ул. Скупи, бр. 14, 1000 Скопје, Р. Македонија

office@managersacademy.mk

www.managersacademy.mk