Предавање од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ на Академијата за Менаџери во Скопје:
ПРЕТПРИЕМНИШТВО: УСПЕШНО ЛАНСИРАЊЕ И МЕНАЏИРАЊЕ НОВИ БИЗНИСИ
ENTREPRENEURSHIP: SUCCESSFULLY LAUNCHING AND MANAGING NEW VENTURES
Предавањето претставува преглед на претприемништвото и иновацијата како процес и стил на менаџерско работење. На него се разгледуваат предизвиците и проблемите со кои се соочуваат претприемачите и менаџерите и од теоретски и од практичен агол. Најпрво се испитуваат факторите што влијаат врз претприемничката дејност, преземањето иницијативи и работното однесување. Понатаму, се разгледува претприемничкиот процес, со посебен акцент на тоа како да се препознаат можностите и критичните фактори кои содејствуваат во текот на самиот процес. Конечно, предавањето претставува само по себе РАМКА СО ЧИЈА ПОМОШ НОВИТЕ БИЗНИСИ МОЖАТ ДА КРЕИРААТ ЗДРАВИ ОРГАНИЗАЦИСКИ СИСТЕМИ, СТРУКТУРИ И КУЛТУРИ.
ОЧЕКУВАНИ ПРИДОБИВКИ!
- Креативно и критичко размислување кое потикнува генерирање идеи за тоа како да се искористат можностите кои би обезбедиле економска или општествена вредност.
- Истражувачки и аналитички вештини за препознавање и вреднување на претприемачки можности и средства за искористување на тие можности.
- Одредување на критични задачи извршени заедно со потребните критични ресурси и исто така, оценување на можноста да се идентификуваат потенцијалните пречки и стапици за истите да се надминат за време на претпочетната фаза, старт-ап и во раните фази на раст на новата инвестиција.
- Интеграција и применување на знаењето и вештините за да се подготви бизнис план за старт-ап потфат преку групна работа.
Професор:
Виолета Сфури
Предавањето ќе го одржи г-ѓа Виолета Сфури, Академски директор на Додипломските студии по бизнис администрација и економија и професор на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.
Покрај екстензивното искуство во академија, Виолета Сфури има искуство во развој и промоција на материјал за обуки и програми за организации од секторот за зачувување на животната средина во САД, како и во програми за менаџирање на продажба во индустријата на осигурителни друштва.
Таа има значително професионално искуство во САД и во Грција и е член на Американската асоцијација за жени претприемачи.
Датум: 11 – 13 декември 2015г.
Локација: Хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје
Рок за апликација: 9 декември 2015г.
Предавањето се одржува целосно на англиски јазик.
Стекнете се со Сертификат од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.
Повеќе информации:
(02) 3064 533
ул. Скупи, бр. 14, 1000 Скопје, Р. Македонија