Како да лансирате и менаџирате успешно нов бизнис

„Претприемништвото е движечка сила за раст на економијата, испитување на пазарните можности, планирање, организирање, односно процес кој подразбира преземање на активности со цел остварување на дефинираните цели. Денешните студенти се полни со креативност, извор на идеи, мотивирани да преземат ризик, и затоа наша обврска е од нив да создадеме бизнис лидери кои ќе можат лесно да се соочат со динамиката на ова општество и да бидат успешни претприемачи“ – изјави Виолета Сфури, раководител на додипломските студии по бизнис администрација и на Катедрата за економија на меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - CITY колеџ.

Скопје (20.01.2013) - Успешно лансирање и менаџирање нови бизниси беше тема на викенд предавањето кое беше организрано од Академијата за Менаџери, како дел од програмите за доквалификација на пост-дипломско ниво организирани во Скопје. Едукацијата понуди знаење како од новите бизниси можат да се креираат здрави организациски системи, структури и култури.

Предавањето беше презентирано од страна на Виолета Сфури, раководител на додипломските студии по бизнис администрација на Катедрата за економија на меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - CITY колеџ,.

„Претприемништвото е движечка сила за раст на економијата, испитување на пазарните можности, планирање, организирање, односно процес кој подразбира преземање на активности со цел остварување на дефинираните цели. Денешните студенти се полни со креативност, извор на идеи, мотивирани да преземат ризик, и затоа наша обврска е од нив да создадеме бизнис лидери кои ќе можат лесно да се соочат со динамиката на ова општество и да бидат успешни претприемачи“ – изјави Виолета Сфури, раководител на додипломските студии по бизнис администрација и на Катедрата за економија на меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - CITY колеџ.


Дел од темите кои беа разработени како теоретски така и практично беа за тоа како менаџерите и претприемачите се соочуваат со предизвиците и проблемите во опкружувањето. Едукативниот модул беше насочен кон целосно разгледување на претприемачкиот процес, преземањето иницијативи, работното однесување, со посебен акцент на препознавање на можностите и критичните фактори во целиот тој процес.


Специјален гостин на ова предавање беше основачот и ко-сопственикот на Логин системи Венко Глигоров, кој со практични примери им презентираше на студентите како да се креира подобра бизнис околина и на тој начин да се стимулира економскиот раст.


Во текот на академската 2012-2013 година, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации од програмите: Стратешки маркетинг, Стратешки менаџмент и Финансии.

 

Објави:

 

Галерија