Академија за Менаџери - Бронзен спонзор на 5тата Меѓународна конференција за човечки ресурси

На 18 октомври 2013г. во Едукативниот Центар М6 ќе се одржи 5тата Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, на тема: “HR Significance and ROI in HR”.

Една од основните идеи на оваа конференција е да се презентира како концептот на ROI (Return on Investment) се користи за да ја прикаже вредноста на HR функцијата, HR стратегијата и HR програмите, истовремено резултирајќи со кредибилни информации, значајни за топ менаџментот и бизнис лидерите. Академијата за Менаџери ќе земе учество како бронзен спонзор.

Еден од предавачите на овогодинешната конференција и претставник од Академијата за Менаџери ќе биде д-р Лесли Самози од СИТИ Колеџ, меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд.

Д-р Лесли Самози е член на Aсоцијацијата на MБA и основач на лабораторијата за Стратешко менаџирање на човечки ресурси и поседува екстензивно искуство од приватниот и јавниот сектор во Канада. По пет години искуство како маркетинг менаџер во меѓународна корпорација за био-технологија и опто-електроника во Отава, д-р Самози работи како приватен консултант за различни организации вклучувајќи ги: Европска Унија (KOMVER II Проект), Digital Electronics (сега дел од Compaq компјутери), Развој на Човечки Ресурси во Канада, Индустрија Канада, КПМГ Менаџмент, Канадска Кралска Банка на Трговија (CIBC), Телеком - Британска Колумбија (BC TEL). Од неодамна, тој работи како независен експерт и проценител на проекти за Европска Унија (FP-6 / FP-7).

Темата на неговата презентација на конференцијата ќе биде: “Поддршка на талентот во време на промени”

Повеќе информации за овогодинешната конференција се достапни на следниот линк.


Важноста на Човечките Ресурси и мерливоста на HR процесите во фокусот на менаџментот



Петтата меѓународна конференција на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) има за цел да го предочи трендот во управувањето со човечките ресурси за овозможување мерливост и емпириска анализа на HR процесите, кои преку бројки и индикатори разбирливи за менаџментот би ја прикажале употребливата вредност и важноста на HR за бизнисот, односно за компаниите


Значењето на човечките ресурси (HR) во рамките на една компанија, како и начините преку кои концептот на враќање на инвестициите (ROI) се користи за да ја прикаже вредноста на функцијата HR, стратегијата HR, проектите HR и програмите HR, истовремено резултирајќи со кредибилни информации значајни за топ-менаџментот и за бизнис-лидерите ќе биде во фокусот на годинешната петта по ред конференција на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР).

Предавачи од пет странски земји пред околу 130 присутни гости на 18 октомври во Скопје ќе зборуваат за тоа како преку користењето на квантитативните индикатори да се прикаже влијанието на HR врз финансиските резултати на компанијата, а преку тоа компанијата да го подобри својот кредибилитет.


„Една од основните цели е да се појасни како се користи концептот на ROI за да ја прикаже вредноста на функцијата HR. Идејата е да се предочи трендот во управувањето со човечките ресурси за овозможување мерливост и емпириска анализа на HR процесите, кои преку бројки и индикатори разбирливи за менаџментот би ја прикажале употребливата вредност и важноста на HR за бизнисот, односно за компаниите. Како и зошто е потребно да се инвестира во човечките ресурси, во едукација, мотивација итн., кои се придобивките на компаниите од ваквите инвестиции... На оваа тема ќе говорат претседателот на Европската асоцијација за управување со луѓето (European Association for People Management – EARM), Филипо Абрамо, кој има богато практично искуство во професијата, и професорot Нада Зупан од државниот Економски факултет во Љубљана, која ќе даде научно-менаџментски осврт на истата тема“, објаснува Христина Лозаноска, претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси.


Избраните теми на конференцијата имаат за цел да допрат до клучните прашања на коишто треба да се фокусираат професионалците од приватниот и од јавниот сектор во следниот временски период за да се пресретнат деловните ризици и предизвици на адекватен начин.


МАЧР е асоцијација формирана во 2009 година заради вршење дејности и активности поврзани со развојот на работната сила, промоција и унапредување на професијата менаџмент на човечки ресурси. Истата успешно ги остварува своите цели во изминатите четири години и е добро етаблирана и признаена на интернационално ниво.

 


Христина Лозаноска
Претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси
(Раководител на одделот за ХРМ во НБРМ)


Избраните теми на 5 тата меѓународна конференција на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси, МАЧР, под еден заеднички насов: „ HR Significance and ROI in HR", имаат за цел да допрат до клучните прашања на кои што треба да се фокусираат HR професионалците од приватниот и јавниот сектор во следниот временски период за да се пресретнат деловните ризици и предизвици на соодветен начин.


И оваа година се потрудивме да организираме престижен настан со концепт кој ја одразува суштината на делувањето на МАЧР, за подигање на свеста за значењето на човечкиот фактор за компаниите и општеството.

Интернационалниот карактер на конференцијата го запазивме со присуството на спикери од 5 земји: Словенија, Грција, Англија, Италија и Австрија. Искусни практичари и врвни академци своето знаење и искуство ќе го пренесат на едно место пред околу 130 посетители.


Една од основните цели е да се појасни како концептот на ROI (Return on Investment) се користи за да ја прикаже вредноста на HR функцијата. Идејата е да се предочи трендот во управувањето со човечките ресурси за овозможување на мерливост и емпириска анализа на HR процесите, кои преку бројки и индикатори разбирливи за менаџментот, би ја прикажале употребливата вредност и важност на HR за бизнисот, односно компаниите. Како и зошто е потребно да се инвестира во човечките ресурси, во едукација, мотивација итн, какви се придобивки на компаниите од ваквите инвестиции.... На оваа тема ќе  говорат претседателот на Европската асоцијација за управување со луѓето, EAPM, Mr. Filippo Abramo кој има богато практично искуство во професијата, и Проф. Нада Зупан, од државниот Економски факултет во Љубљана, која ќе даде научно-менаџментски осврт на истата тема.


Интерното брендирање е начин со кој ќе направите вработените да се чуствуваат како дел од едно, а со тоа и ќе обезбедите соодветна стратегија за концептот заедништво и припаѓање да се користи за поголема мотивација и залагање на работното место. Успешниот пример од своето работење во ЕВН Групацијата-Австрија, преку својата презентација ќе го изнесе г. Волфганг Маер, Раководител на корпоративната функција за Човечки ресурси во ЕВН Групација.


Додека промените кои се единствена константа во човековото живеење се случуваат во компаниите, треба да внимаваме истите да немаат контраиндикации и одлив на нашите најдобри луѓе и таленти. Напротив треба да направите стратегија во која вашите најдобри луѓе ќе бидат мотивирани да останат во компанијата заради справување со предизвицитее кои ги носат промените со себе. Талентите и значењето на човечкиот капитал за компанијата се тема на Џени Арвас, долгогодишен ХР директор, како рефлексија на нејзиното неколку декадно искуство на позицијата ХР Менаџер на Бритиш Телеком, како и на Проф. Лесли Самози, познат и признат Професор и Академски Директор на МБА програмата за извршни позиции на СИТИ Колеџ, Меѓународен факултет на Универзитетот Шефилд.


Како почесен спикер кој ќе ја отвори конференцијата е поканет Министетот Иво Ивановски, кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, задолжено за реформите во јавната администрација, за кој реформи еден од најважните сегменти е унапредувањето на процесите во управувањето со човечките ресурси. Од таму овој национален авторитет го  препознава значењето на  активностите на МАЧР, и дава поддршка на истите, пред се и со учеството на овој настан.


Во продолжение следат изјавите на нашите реномирани спикери, практичари и академци, за нивната лична перцепција за значењето на темата која ја одбраа за да ја збогатат програмата на овогодинешната конференција.


 

М-р Волфганг Маер
Раководител на корпоративната функција за Човечки ресурси во ЕВН Групација


Менаџментот на човечките ресурси е од суштинско значење во денешната економија, бидејќи вработените се клучен фактор за конкурентска предност на компаниите. Направената инвестиција во човечкиот капитал се враќа назад повеќекратно.
Внатрешното брендирање (Internal Branding) e едно од обоени камења во мозаикот на успешните компании. Вработените бараат препознатливи елементи за нивната припадност на компанијата од која тие живеат, кои се тесно поврзани со своите основни вредности, со што ја прават компанијата место за кое вреди да се живее.
На оваа HR- конференција, HR професионалците и менаџерите на компаниите од Македонија и регионот ќе ја имаат можноста да ги разменат своите искуства и да дискутираат на теми важни за нивните компании и да ги изнајдат најдобрите практики и решенија.


Џени Арвас
Поранешен директор на HR функциите во Групацијата Бритиш Телеком
 
На HR конференцијата која ја организира Македонската HR асоцијација МАЧР, ќе зборувам за менаџирањето на промените и на кој начин Човечките ресурси и даваат додатна вредност на компанијата базирано врз моето долгогодишно искуство во сферата на HR во Бритиш Телеком. За прв пат доаѓам во Македонија, и се надевам дека ќе имам можност и што да видам во вашата земја.
На конференцијата ќе се осврнам на нашето досегашно искуство во Бритиш Телеком, работите во кои бевме многу успешни, и потешкотиите на кои наидовме при менаџирањето на промените. Ќе дискутираме за културните разлики, нивното обединување, но и како да го мерите нивото на напредокот и постигнувањата во компанијата, што е вистински предизвик во нашата HR индустрија . Улогата на луѓето во Човечките ресурси се менува, значењето на нашата професија се зголемува и се надевам дека на оваа HR конференција ќе имаме можност да отвориме корисна дискусија на оваа тема. Се гледаме на конференцијата!!!


Филипо Абрамо
Претседател на Европската асоцијација за Управување со луѓето - ЕАПМ


Клучните теми кои ќе бидат опфатени на овогодишната  5-та Меѓународна конференција за човечки ресурси во организација на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси- МАЧР, денес се од исклучителна значајност во Менаџментот на човечките ресурси.
Проблемите кои се јавуваат при создавањето на вредности за компаниите се поврзани со мерењето: На кој начин да се измерат тие?
HR индикаторите се одговорот на оваа дилема, со цел да се поврзе Менаџментот на човечките ресурси со крајните бизнис резултати и да се прикаже нивното влијание врз профитот или загубата (билансот на успех) на компаниите пред топ менаџментот.


Д-р Лесли Самози
Професор и Академски Директор на МБА програмата за извршни позиции СИТИ Колеџ, Меѓународен факултет на Универзитетот Шефилд


Во време на промени, особено со промените со кои се соочуваме денес, треба да ги чуваме и одржуваме нашите таленти, нашите најдобри луѓе и треба да инвестираме во нив. Сепак, исто така најдобрите луѓе кои се дел од нашите компании, имаат и најголеми можности лесно да го променат работното место и да најдат ново, на локално или меѓународно ниво. Дискусијата која ќе произлезе од презентацијата е со цел да се прикаже употребата на поддршката како алатка да го добиеме најдоброто од нашите таленти и ги доведеме што поблиску до организацијата.


Проф. Д-р. Нада Зупан
Професор на Економскиот факултет при Универзитетот Љубљана


Изреката  »Не можете да го управувате тоа што не можете да го измерите« – важи исто така и во Менаџментот на човечките ресурси. И покрај тоа, тешко е да се убедат менаџерите за поддршка на новите активности ако ползата не може да се докаже и прикаже од финансиска гледна точка. Тоа е причината зошто сметководството и контролата на човечките ресурси, покренуваат интерес помеѓу HR практичарите и менаџерите. Меѓутоа, постојат многу предизвици поврзани со мерењето на ефектите од активностите во управувањето со човечките ресурси, од тоа како да се соберат валидни податоци, за тоа како да се елиминираат влијанијата на други фактори, од причина што Менаџментот на човечките ресурси никогаш не функционира сам или во вакуум. И покрај овие предизвици ние треба да се придвижуваме во правец од лесно мерливо »среќни лица« до детално елаборирање на  додадената вредност и мерките на враќање на инвестицијата.

 

Објавa:

 

 

Галерија