Академија за Менаџери, една година светско образование во Македонија

„Академијата за Менаџери преку своите програми придонесува за дооформување на квалификуван менаџерски кадар и доедукација на лица од различни профили вработени во приватниот и јавниот сектор. Според својата концепција и во соработка и комуникација со бизнис секторот во земјата, ги препознава потребите за соодветно образование и истражување, со кое им помага на организациите при соочување и решавање на тековните предизвици и потешкотии“, изјави Марија Никовска, директор на Академијата.

(Скопје, хх.10.2013) – Една година од започнувањето со работа на Академија за Менаџери. Под академска надлежност на Универзитетот Шефилд и Меѓународниот факултет - СИТИ Колеџ, оваа организација досега имала над 200 учесници во своите програми и континуирано придонесува за менување и унапредување на менаџерските вештини кај професионалните кадри во Република Македонија.

Академијата за Менаџери нуди професионална доедукација преку постдипломските студиски програми од Универзитетот Шефилд во Скопје, а предавањата се организирани во 3 смера - Стратешки Маркетинг, Стратешки Менаџмент и Финансии.

„Академијата за Менаџери преку своите програми придонесува за дооформување на квалификуван менаџерски кадар и доедукација на лица од различни профили вработени во приватниот и јавниот сектор. Според својата концепција и во соработка и комуникација со бизнис секторот во земјата, ги препознава потребите за соодветно образование и истражување, со кое им помага на организациите при соочување и решавање на тековните предизвици и потешкотии“, изјави Марија Никовска, директор на Академијата.

Предавањата се предводени од реномирани професори од светски ранг со исклучителна професорска и истражувачка кариера зад себе, кои доаѓаат од Универзитетот Шефилд, Меѓународниот факултет - СИТИ Колеџ, како и од други реномирани универзитети од Велика Британија. Секој од професорите поседуваат искуството и академското реноме, свои авторски трудови и истражувања, а покрај теориската подготвеност имаат и практично искуство во доменот на она што го предаваат.

Во изминатава година Академијата за Менаџери организираше голем број предавања во рамките на редовните програми, а во тек е и реализација на специјализираната тренинг програма за медицинските и економските директори на Јавните здравствени установи преку Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување. За програмите на Академијата за Менаџери во академската 2012-2013 година беа доделени и 40 стипендии од Министерство за образование и наука.

 

Објавa:

 

 

Галерија