40 стипендии од Министерството за образование и наука за Академија за Менаџери

„Да се биде дел од големото семејство на Универзитетот Шефилд е привилегија и голема придобивка пред сè за Македонија, каде цените за изучување на модулите се приспособени за македонскиот пазар. Минатата година дел од нашата Академија станаа над 150 студенти кои сакаа да добијат степен плус и обука од врвните предавачи на Универзитетот Шефилд, како и над 30-тина истакнати менаџери кои решија дел од своето образование да го продолжат на овој престижен универзитет“, изјави Марија Никовска, директор на Академијата.

(Скопје, 21.10.2013) – Четириесет кандидати ќе добијат стипендија од Министерството за образование и наука за предавањата на Академија за Менаџери и можност да го продолжат своето образование на постдипломските програми на Универзитетот Шефилд. Стипендиите се во вредност од 500 евра а се однесуваат за посетување на модули од трите смера на Академијата - 13 стипендии за смерот „Стратешки менаџмент“, за „Стратешки маркетинг“ ќе бидат доделени 14 стипендии и за смерот „Финансии“ обезбедени се 13 стипендии.

„Заложбите на оваа образовна институција за подигнување на нивото на знаење и вештини на професионалните кадри, се препознаени, позитивно оценети и прифатени од бизнис заедницата на која најмногу и се потребни профилирани, обучени и образовани менаџери од различни области. Тоа резултира со континуирани инвестиции на компаниите за едукацијата на човечките ресурси кои се составен дел од нивните организациски структури, токму на оваа Академија каде предавањата ги реализираат реномирани професори од светски ранг со богато теоретско и практично искуство, кои доаѓаат од Универзитетот Шефилд, Меѓународниот факултет - СИТИ Колеџ, но и од многу други врвни универзитети од Велика Британија“, изјави министерот Спиро Ристевски на денешната прес конференција.

Ова е втора година како Министерството за образование и наука обезбедува 40 стипендии за програмите на Академија за Менаџери.

„Да се биде дел од големото семејство на Универзитетот Шефилд е привилегија и голема придобивка пред сè за Македонија, каде цените за изучување на модулите се приспособени за македонскиот пазар. Минатата година дел од нашата Академија станаа над 150 студенти кои сакаа да добијат степен плус и обука од врвните предавачи на Универзитетот Шефилд, како и над 30-тина истакнати менаџери кои решија дел од своето образование да го продолжат на овој престижен универзитет“, изјави Марија Никовска, директор на Академијата.

Во смерот Стратешки маркетинг се изучуваат најновите трендови во делот на маркетингот, дигиталните медиуми и интегрираните комуникации, посебно стипендираниот модул се однесува на стратегија за развој на нови производи и услуги. Модулот од Финансии е со назив Финансиски менаџмент, а додека во модулот за Стратешки менаџмент ќе се обрати внимание на огромната потреба од промена на секоја организација од технолошки и оперативен аспект во бизнис светот што постојано се менува.

Критериумите за добивање на една од четириесетте стипендии ќе бидат објавени во вторник 22 октомври, преку јавен конкурс во кој детално ќе бидат наведени потребните услови за учество, а по однос на апликациите ќе одлучува координативното тело формирано од претставници на Министерството, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд - СИТИ Колеџ, Сојузот на стопански комори и Академијата за Менаџери.

 

Објавa:

 

 

Галерија