Сите предности на Стратешкиот маркетинг

Д-р Димитрис Николаидис, директор на оделот за Бизнис администрација и економија и г-дин Крис Лиасидис, академски директор на Постдипломските студии по Бизнис администрација и економија и двајцата професори наСИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, зборуваат за програмата Стратешки Маркетинг - што опфаќа, за кој профили е наменета, принципите и предностите, квалитетот на наставната програма, и предностите со кои идните дипломци ќе се стекнат.

Следното викенд предавање во програмата Стратешки маркетинг на Академијата за Менаџери ќе се одржи од 24-26 јануари, со д-р Лесли Т. Самози како професор. Анализа на маркетинг стратегиите на меѓународните корпорации и развој на маркетинг планови за странски земји со цел да се постигне одржлива конкурентна предност на меѓународниот пазар се само дел од прашањата на кои овој модул нуди одговори.

Како е креирана програмата во Стратешки маркетинг и што вклучува?

Постдипломската програма за Стратешки маркетинг е дизајнирана да ги вклучи најновите знаења и најдобрата пракса во полето на маркетингот, маркетиншкото планирање, маркетинг стратегиите како и маркетингот на нови производи и услуги. Овозможува цврста основа за гореспоменатите полиња и поставена е на начин да го надгради постоечкото знаење и искуство на менаџерите и оние што се подготвуваат за менаџерски позиции, и тоа со следење не само на европските, туку и на интернационалните стандарди, со употреба на најсовремените технологии и анализирање на тековните ситуации со намера да се подобри критичкиот аспект во донесувањето одлуки како и примената на таквите сознанија.

Што е содржината и која е целта на програмата во Стратешки маркетинг?

Во рамките на постојната литература и пракса, теми како публицитет, односи со јавност, интернационализација на маркетинг активности, адвертајзинг, социјални медиуми, продажна промоција како и комерцијализација на добра и услуги, секогаш ќе бидат презентирани, пренесени и интерактивно дискутирани од стратешки аспект, што дава дополнителна вредност при секојдневното справување со маркетиншките ситуации.

Какви вредности ќе им пренесе програмата во Стратешки маркетинг на студентите?

На студентите им е овозможено да учат пред се од наставен материјал со високи стандарди, а дополнително им се дава можност да научат како брзо, соодветно и прецизно да се справуваат во дадени ситуации. Зрелоста на самите студенти вклучени во програмата, заедно со експертизата на академците, овозможуваат искуство коешто со сигурност го трасира патот во иднината - преку разбирање на конкурентноста, вредноста на одржливоста, разновидноста и идентификацијата на можности, се во функција на етичноста и социјално одговорни чекори.

Со какви вештини и знаења ќе се стекнат студентите во оваа програма?

Покрај критички, аналитички и технички вештини, студентите имаат можност да го изнесат своето разбирање за одредени принципи, но исто така и да ги применат во реални животни ситуации. Студентите имаат слобода да креираат планови за индустрии и компании по нивен избор, што им дава дополнително задоволство - бидејќи знаењето и учењето се трансформираат во додадени вредности за организацијата каде што работат.

За кои професии е најапликативна програмата во Стратешки маркетинг?

Програмата е соодветна за луѓе кои имаат доволно и значително искуство како професионалци и практичари во полето на маркетингот. Комерцијални директори и менаџери, менаџери во адвертајзинг агенции, медиа планери, менаџери и асистенти, маркетинг менаџери, менаџери за продажба, соработници за односи со јавност, регионални бренд менаџери, како и претприемачи, сите тие профили одговараат на аспирациите на програмата.

Со какви квалификации ќе се стекнат студентите по успешно завршување на програмата?

Студентите кои ја следеле и успешно ја завршиле програмата добиваат сертификат или диплома од Универзитетот Шефилд. Покрај тоа, вистинската квалификација на студентите од следење на програмата е искуството што ќе го стекнат за професионално справување со теми поврзани со маркетингот, што ќе им помогне да се соочат соодветно со ситуациите кои им се наметнуваат во нивниот работен ангажман.

Дали веќе имате дипломирани студенти од оваа програма кои би сакале да ги издвоите и посочите?

Во изминативе години се покажа дека дипломците од програмата постигнале максимални резултати во нивните кариери. Нашите дипломци напреднале, ја промениле работната позиција, компанијата, или се преселиле во друга земја и имаат работна позиција од каде значително ги унапредиле пазарните позиции и вредности на нивните компании или организации. На нашите дипломци им се нудат унапредувања коишто не би биле земени предвид без да ги имаат успешно завршени програмите од Универзитетот. Дипломците се сега вработени во големи мултинационални компании, не само во балканскиот регион, туку исто така и во европските земји, од Велика Британија, Австрија, Германија, Холандија, па се до Украина и Русија. Некои од нив се на позиции во компании лоцирани во Средниот Исток, како Дубаи и Абу Даби, а некои се одлучија да ги истражуваат сопствените перспективи со оформување на свои фирми, кои веќе достигнале до фаза на мали и средни компании со значителен пазарен удел и се постојано во обид за оптимизирање на опсегот и аспирациите да станат водачи на пазарот кој го опслужуваат.

 

Објавa:

 

 

Галерија