Со едукација до добро информиран лидер со специфични дисциплини и етички вредности

Сите функции од модерниот корпоративен свет – сметководство, финансии, маркетинг, производство, човечки ресурси и информациски системи се опфатени во предавањето на тема СТРАТЕШКО МЕНАЏИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ. Во фокусот на анализирањето на ова предавање се малите и средни претпријатија, индустријата и конкурентната средина во која работат, нивните долгорочни насоки и стратегии, ресурси и конкурентни способности и нивните изгледи за успех. На оваа тема ќе зборува г-н Стелиос Кехајас, консултант и редовен професор на магистерските студии за Бизнис администрација и економија наменети за извршни позиции на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ.

Поопширно за постдипломската програма од Универзитетот Шефилд во смерот ФИНАНСИИ, која се нуди преку Академијата за Менаџери во Скопје, зборуваат д-р Јанис Асимакопулос и д-р Павлос Гасис, професори при Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ.

За што точно се програмите? Како се креирани и што опфаќаат?

Програмите нудат единствена можност на учесниците да развијат ригорозни познавања на комплексните менаџерски и финансиски проблеми, преку запознавање на современите проблеми и теми на полето во финансиите и менаџментот. Високото ниво на програмата, во поглед на материјалот, методите на настава и искуството на учесниците, овозможува кариерно поврзување и напредок. Структурата на модулите се фокусира на анализа на теоретските и техничките теми, додека истовремено се прави значителен напор за поврзување на овие теми со индустријата и условите во вистинскиот свет. Имајќи го ова предвид, Универзитетот им дозволува на професорите да ги формулираат рамките на програмата и предметите кои се изучуваат, кои мораат да бидат аналитички и темелни во однос на академското знаење на студентот, како и на практичната апликација на материјалот кој се изучува.

Што е содржината, контекстот и кои се целите на програмите?

Програмите се креирани да го зајакнат теоретското знаење на студентите на полето на менаџментот и финансиите, покривајќи широки области, како процесот на донесување на инвестициски и финансиски одлуки, структура на капиталот и одлуки за дивиденди, финансиско инженерство и управување со ризик, одлуки за капитално буџетирање и вреднување. Машинеријата, внатрешна и надворешна, која го обликува финансискиот менаџмент исто така се проучува, заедно со нејзиниот менаџерски контекст. Главната цел е да им се овозможи на студентите релевантно и најсовремено истражување, а со тоа да се збогати и надгради нивното знаење во одредени области.



Какви видови на вредности програмите им овозможуваат на студентите?

Модулулите се се фокусираат на покривање на сите современи услови поврзани со различни научни дисциплини. Дополнително, студентите се запознаваат со етичките проблеми, правилата на правилно однесување и социјалната одговорност. Целта не е само да се прошират знаењата на студентите во специфични дисциплини, туку и да се насочат кон постанување добро информирани и етички лидери, кои ќе придонесат не само во конкретниот сектор во кој работат, туку и во целокупното општество исто така.

Какви вештини и знаење стекнуваат студентите?

Програмите целат кон развој на вештините, техниките и практичните знаења потребни за менаџмент на напредно ниво, како и кон развој на независни аналитички способности, комуникациски и презентерски способности. Со тоа, на учесниците им се обезбедуваат потребните вештини за водење на модерна компанија, преку развојот на екстензивно знаење поврзано со, покрај другото, и со менаџерски, финансиски и инвестициски одлуки на компаниите.

Кои се професиите за кои сметате дека програмите се најсоодветни?

Убавината на програмите е тоа што ги покриваат потребите на голем спектар професии. Ова е поради тоа што менаџерското и финансиското знаење е основно за каков било вид на менаџерска позиција во која било индустрија. Ефикасното менаџирање на човечките и финансиските ресурси е клучното што треба да се знае за успешен бизнис. Програмите се фокусираат на ова и преку проблеми од реалниот свет со кои менаџерите се среќаваат секојдневно, ги тренираат учесниците како да ги надминат.

 

Објави: