Викенд предавање - “Банкарски менаџмент и финансиски услуги”

Од 9ти до 11ти мај во Хотел TЦЦ Гранд Плаза ќе се одржи викенд предавање на тема: “Банкарски менаџмент и финансиски услуги”, предводено од Д-р Белос професор на Универзитетот Шефилд.

Главна цел на ова предавање е учесниците да се запознаат со функциите и начинот на менаџирање на комерцијални и инвестициски банки, нивната улога во економијата и влијанијата согласно кои истите се менуваат на глобално ниво.

На предавањето во детали ќе се разгледуваат потрошувачките и комерцијалните кредитни анализи, управувањето со средства и обврски, управувањето со ликвидности ризик, менаџирањето на кредитната политика, како и адекватноста на капиталот и регулативата.

Учесниците на предавањето исто така ќе се запознаат и со главните фактори кои придонесоа за неодамнешната финансиска криза, заедно со потенцијалните корективни мерки кои се препорачуваат за нивелирање на истата.

За повеќе информации во врска со учество на викенд предавањето обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери

 

Објави:

 

Галерија