about

Соработка со


http://www.city.academic.gr

CITY College

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, академска институција со светски познато реноме, со долго и опширно искуство во извршното образование. Универзитетот Шефилд е еден од најстарите британски универзитети кој во 2011 година е именуван за универзитет на годината во Велика Британија од страна на Times Higher Education Awards за академската 2011-2012 година. Тој е еден од водечките истражувачки универзитети рангиран меѓу првите 100 универзитети во светот.



http://www.sojuzkomori.org.mk

Сојуз на стопански комори

ССК е формиран во 2004 година како самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација во која се здружени осум грански стопански комори: Индустриска комора, Трговска комора, Услужна комора, Агро - бизнис комора, ИКТ комора, Туристичко - угостителска комора, Комора на сметководители и Градежна комора. ССК како клучен елемент во развојот на приватниот сектор претставува значаен фактор и двигател на економијата во Р. Македонија. Со број од преку 1.000 активни членки, ССК го ужива реномето и епитетот на независна, најнапредна и најперспективна бизнис асоцијација во Македонија.



http://www.mon.gov.mk

Министерство за образование и наука

Академијата за менаџери е поддржана од страна на Министерството за образование и наука преку обезбедување на стипендии за студии на Академијата за менаџери. Оваа поддршка е изразена преку Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Министерството за образование и наука, Сојузот на стопански комори и CITY Колеџ - Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд на 1 март 2012 година.