ЦЕРЕМОНИЈА НА ДИПЛОМИРАЊЕ 2015
Меѓународен факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ

Концертна сала, Солун
Сабота, 21 ноември 2015 година 11:30 часот


Церемонијата на дипломирање, специјалната прослава за дипломците на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ е во тек. Универзитетот Шефилд и неговиот Меѓународен факултет, СИТИ Колеџ, ќе бидат домаќини на свечената Церемонија на дипломирање за 2015 година, која ќе се одржи во сабота на 21 ноември 2015 година во 11 часот и 30 минути во Концертната сала во Солун.

Наградите ќе бидат претставени од Заменик Канцеларот на Универзитетот Шефилд, Професор Сер Кит Бурнет, кој ќе биде придружуван од професорите и академските колеги од британскиот универзитет. На церемонијата, повеќе од 200 дипломци, постдипломци и докторанти, кои ги завршија своите студии на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, ќе бидат претставени на Заменик Канцеларот на Универзитетот и ќе ја добијат својата диплома.

Средбата на алумни се одржа само еден ден по Церемонијата на дипломирање што ја следеше истата академска процедура како на Универзитетот Шефилд во Обединетото Кралство. Строгото следење на традицијата, протоколите и поставената авторитетна хиерархија се основите врз кои е изградено престижното реноме на овој Универзитет. Беспрекорниот квалитет на едукативниот систем и резултатите кои студентите ги постигнуваат по стекнатото образование, единствените и иновативни едукативни методи, специфична имплементација на теоријата во пракса како и развивање на исклучителни академски и индивидуални вредности го издвојува Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ од Солун. Универзитетот Шефилд е еден од ретките чии дипломирани студенти уживаат можности за вработување во сите земји низ Европа и целиот свет!

Дипломирањето ќе ја следи истата академска процедура како церемониите на Универзитетот Шефилд во Обединетото Кралство.

За време на церемонијата, шест истакнати алумни ќе бидат наградени со “Награда за истакнати алумни”, како признание за нивните видни професионални достигнувања: Господин Панче Кралев, Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком (Дојче Телеком Групација) од Скопје, Госпоѓа Мирела Аркимандрити, Извршен директор, Центар на родова алијанса за развој, Албанија, Госпоѓа Сања Милаковиќ Колунџија, Директор, Адвертајзинг агенција Executive Group, Србија, Госпоѓа Катерина Сиампани, Гешталт психотерапевт и тренер, Грција, Господин Висар Келеменди, Главен извршен директор, Ругове L.L.C., Косово, Госпоѓа Грациела Константин, Претседател на Комитетот за даноци во Ромската банкарска асоцијација и директор на CEC Банка, Романија.

Освен дипломците и нивните пријатели, на церемонијата ќе присуствуваат претставници на властите и на организации од Грција и соседните земји, како и истакнати личности од академската фела, бизнисот и политиката, кои ќе ги почестат присутните со своето присуство.

По церемонијата ќе следува прием во фоајето на Концертната сала во Солун.

Пренос во живо: Церемонијата на дипломирање на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ, ќе може да биде следена во живо на линкот: www.citycollege.sheffield.eu/graduation-watch

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ повеќе од две децении ги пренесува програмите на Универзитетот Шефилд во Солун, Грција и во Југоисточна Европа (Бугарија, Романија, Србија, Македонија и Украина), давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат за диплома од Универзитетот Шефилд во нивната земја. Денес, Извршните МБА програми се одвиваат во Солун, Софија, Букурешт и Белград, со серија на магистерски програми кои се нудат во Софија и Букурешт и серија на додипломски студии и програми достапни во Софија и Скопје. Дипломците добиваат диплома од Универзитетот Шефилд, диплома од универзитет кој е рангиран меѓу 1% од најдобрите универзитети во светот (69ти во светот и 24ти во Европа според QS World University Rankings за 2014-15 година).



 

Објави:

 

Галерија