Учество на Стипендии EXPO 2013

СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд преку Академијата за Менаџери како претставништво во Скопје, се претстави на Стипендии EXPO 2013, настан каде голем број на стипендии и други видови на финансиска помош достапни на македонските граѓани за студирање во Македонија и во странство, се презентирани на една локација. Настанот се одржа од 15 – 16 ноември во Националната и универзитетска библиотека “Свети Климент Охридски” во Скопје. Учесници на Стипендии EXPO се универзитетите, министерствата, амбасадите и културни центри на странски земји во Македонија, како и претставници на голем број на компании, фондации и невладини организации.

 

 

Галерија