MEDIA DAY at CITY College in Thessaloniki, May 22nd

Врвно британско образование достапно на дофат на Вашата дланка!

Универзитетот Шефилд - најпосакуваното место за студирање!


Универзитетот Шефилд е прогласен за најдобро место за студирање според истражувањата на Times Higher Education, покажува анкетата спроведена за оценување на искуствата на студентите. Со примена на иновативни методи во предавањата и имплементација на теоријата во пракса, Универзитетот им овозможува на студентите практични знаења кои ќе ги подготват за успешно кариерно искачување и развивање на исклучителни академски, како и индивидуални вредности. Дипломираните студенти уживаат можности за вработување во сите земји низ Европа и целиот свет!

Прогласен за „Универзитет на годината 2011-2012" од Times Higher Education, Универзитетот Шефилд припаѓа на 1% од „Најдобрите универзитети во светот“. Како дел од својот професорски кадар има 5 добитници на Нобелова награда во различни полиња. Универзитетот Шефилд има 6 академски факултети; пет факултети се наоѓаат во Велика Британија, а СИТИ Колеџот е 6-тиот, Меѓународен факултет кој се наоѓа во Солун.

На СИТИ Колеџот се развиени четири академски одели: Бизнис, администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки и Студии по Англиски јазик, преку кои се нудат повеќе од 25 различни програми за додипломски и постдипломски студии, постдипломски студии на извршно ниво (Executive MBA) и докторски студии.

„Академското истражување претставува основа на образовната филозофија и практика на СИТИ Колеџ. Меѓународниот факултет поттикнува и промовира врвни интердисциплинарни истражувања и иновации во соработка со индустријата, обезбедувајќи поддршка на секој од академските оддели. Со цел што поголема промоција на истражувањето и искористување на придобивките од истото, во склоп на СИТИ Колеџот основан е и Центарот за истражување на Југоисточна Европа (SEERC). Истражувачкиот центар врши значајни истражувања во повеќе од четири дисциплини во регионот на Југоисточна Европа (Бизнис, администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки и Политички науки), кои директно ги подржуваат и развиваат програмите на Универзитетот. Центарот за истражување исто така спроведува и докторски студии од Универзитетот Шефилд, при што кандидатите имаат можност директно да бидат вклучени во значајни проекти финансирани од Европската Унија, што претставува дополнителен мотив за нив“, изјави д-р Никос Захарис, директор на Центарот за истражување на Југоисточна Европа.

Во Република Македонија има повеќе од 850 дипломци од овој Универзитет, кои што можат да посведочат за врвниот квалитет и престижот што го нуди оваа високообразовна институција. Под академска надлежност на Универзитетот Шефилд и Меѓународниот факултет, СИТИ Колеџ, е Академијата за Менаџери во Скопје, која постои веќе 2 години и нуди доедукација на постдипломско ниво преку студиски програми од Универзитетот Шефилд.



 

Објави:

 

Галерија