3 октомври 2014г.th

Академија за Менаџери - Спонзор на 6тата Меѓународна конференција за човечки ресурси

На 3 октомври 2014г. во Едукативниот Центар М6 се одржа 6тата Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR EXPO во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси, на тема: “HR Standards and Best Practices”.


Еден од предавачите и претставник од Академијата за Менаџери, како спонзор на овогодинешната конференција беше г-дин Џовани Серафини од СИТИ Колеџ, меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд.


Како дипломец на ЕМБА програмата при Универзитетот Шефилд, г-дин Серафини исто така поседува и диплома за Менаџер во угостителство од Bournemouth Универзитетот (Велика Британија), Диплома во хотелски менаџмент од IHTTI школата за хотел менаџмент (Швајцарија), како и Сертификат за управување со човечки ресурси од Educational Institute of the American Hotel & Lodging Association (САД).



По разновидното професионално искуство од Дизниленд во Париз (Франција), Минхен Парк Хилтон (Германија), Регионалната канцеларија на Хилтон во Европа (Велика Британија) и Глазгов Хилтон (Велика Британија), г-дин Серафини одлучил да се пресели на полето за управување со човечки ресурси во Грција со пристапувањето на позиција Менаџер за тренинг и обуки во Sani Resort на Халкидики во 1997 година, за потоа да премине во Regency Casino & Hyatt Regency во Солун во 1999 година. Тој останал на позицијата Менаџер на човечки ресурси во хотелот Hyatt Regency во Солун од 2002 до 2013 година. Како дел од менаџерскиот тим на овој ланец на хотели, тој бил инволвиран во отворањето на Гранд Хајат во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати и Парк Хајат Милано, Италија.



Темата на неговата презентација на конференцијата беше: “Исклучителното влијание на најдобрите практики за управување со човечките ресурси врз организацискиот успех”.

Со овозможување на стипендиите “Борис Трајковски” на кандидатите им е понудена единствена можност да студираат и добијат МБА диплома од Универзитетот Шефилд, кој е рангиран на 69-тото место во светот и на 25-тото место во Европа, согласно најновите резултати објавени од реномираната QS ранг листа, помеѓу универзитетите од целиот свет, за академската 2014-2015 година.



Повеќе информации за овогодинешната конференција се достапни на следниот линк.



 

 

Галерија