25.10.2014г.

Учество на Стипендии EXPO 2014

Академијата за менаџери заедно со СИТИ Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд се претстави на Стипендии EXPO, настан каде голем број на стипендии и други видови на финансиска помош достапни на македонските граѓани за студирање во Македонија и во странство, се презентирани на една локација. Настанот се одржа на 25 октомври во Националната и универзитетска библиотека “Свети Климент Охридски” во Скопје. Учесници на Стипендии EXPO се универзитетите, министерствата, амбасадите и културни центри на странски земји во Македонија, како и претставници на голем број на компании, фондации и невладини организации.



 

 

Галерија