ЈУНИ 2015

ТРЕНИНГ ПРОГРАМА ЗА СРЕДНИОТ МЕНАЏМЕНТ ОД ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Академија за Менаџери - Скопје ја овозможи оваа тренинг програма во соработка со Министерството за здравство на Република Македонија за 2015 и 2016 година, наменета за средниот менаџмент на Јавните здравствени установи во Република Македонија, со цел обезбедување специјалицирана доедукација и сертификација на секој од учесниците.


За поефективен пристап кон тренинзите, имајќи го предвид фактот дека учесниците доаѓаат од различни здравствени установи и од различни позиции, обезбедени се четири типа обуки:


  • - Усовршување на негата, ефективна комуникација и однесување на пациентите при придржување до препишаната терапија;
  • - Менаџирање човечки ресурси во здравствените установи;
  • - Менаџирање промени во здравствените установи;
  • - Менаџирање на здравствени установи: обезбедување квалитет на здравствените услуги.

Целосната наставна програма е креирана од страна на Универзитетот Шефилд, и Меѓународниот факултет – Сити Колеџ.
Предавањата ги изведуваат професори од Универзитетот Шефилд, и Меѓународниот факултет – Сити Колеџ, а истите се одржуваат на Медицинскиот факултет во Скопје.



 

Објави:

 

Галерија