Д-р Самози гостин предавач на тема: Управување со диверзитет


Настан организиран од страна на Македонска асоцијација за човечки ресурси со поддршка на ИМЕ програмата финансирана од SDC и имплементирана од Swisscontact и Преда Плус Ова беше темата на пoследното одржано предновогодишно HR кафе & Networking, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси што се случи на 16 декември, 2015 во Every Day во Скопје. Изборот на темата на настанот беше со цел да се покрене јавната свест за значењето и почитувањето на различностите во организациите и општеството со посебен фокус на родовиот баланс во ИКТ индустријата.

Имавме можност да слушнеме тројца гости-предавачи кои преку различен аспект се осврнаа на темата, односно:

  • Проф. Лесли Самози – “Gender Diversity: Building the Business Case”
  • г-ѓа Марија Савовска – “Род и Родова еднаквост?”
  • м-р Дарко Петровски – “Со родово-сензитивни политики и практики за МЧР до конкурентска предност на компаниите”


(Линк до презентациите)



Настанот беше организиран со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – програма на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact во соработка со ПРЕДА Плус. ИМЕ ги поддржува компаниите за софтвер и ИТ услуги во зголемување на нивната продуктивност и профитабилност преку зајакнување на нивниот најголем капитал, а тоа се вработените.

Политиките и практиките за управување со човечки ресурси во голема мера влијаат на атрактивноста на компаниите за нови вработени и задржување на постоечките преку политики кои ја овозможуваат и унапредуваат рамнотежата меѓу приватниот и професионалниот живот. За таа цел беше ангажирана МАЧР за спроведување на истражување за да се утврдат конкретните постоечки политики и практики за управување со човечките ресурси на компаниите за софтвер и ИТ услуги, а кои се во поддршка на зголемено вработување и кариерен развој на жените, како еден од начините за развивање и конкурентска предност на компаниите.



Воедно, поради сродноста и значењето на темата, како еден од аспектите според кои луѓето и вработените генерално се разликуваат- истиот претставуваше официјален почеток на следниот проект- "Со различности до напредок!" - кој е поддржан со мал акциски грант од Програмата на Цивика мобилитас.



Фотографиите од настанот може да ги погледнете во делот Галерии или овде.