Почнаа предавањата на Академијата за Менаџери

Претседателот на Сојузот на стопански комори, г-дин Златко Калеников истакна дека целта за формирањето на Академијата е создавање на поконкуренти компании, преку доквалификација на нивните менаџери под капата на реномирани меѓународни професори на Универзитетот Шефилд рангиран на 66-то место во светот

Скопје, 25.11.2012 - Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев и претседателот на Сојузот на стопански комори г-дни Златко Калеников, присуствуваа на првото викенд предавање на Академијата за Менаџери, кое започна со првиот модул од програмата Стратешки менаџмент: „Стратешко менаџирање на МСП (мали и средни претпријатија): градење одржлива конкурентна предност“.

Предавањето го одржа др. Емануел Гомес, истакнат професор за стратегија и меѓународен бизнис менаџмент при Универзитетот Шефилд.

„Македонските менаџери имаат огромен потенцијал да успеат како на македонскиот, така и на интернационалните пазари. За време на предавањето успеав да видам големи квалитети, способности и доволно познавање кај студентите, кое доколку се надгради во иднина би дало одлични резултати”, рече професорот Гомез.

Претседателот на Сојузот на стопански комори, г-дин Златко Калеников истакна дека целта за формирањето на Академијата е создавање на поконкуренти компании на домашниот и странскиот пазар преку доквалификација на нивните менаџери. Македонските менаџери ќе научат како да се справуваат со кризата и како да имплементираат нови технологии на западниот систем во своите компании.

„Ние сакаме стратешкото менаџирање да го доведеме на повисоко ниво. Советувам до сите претпријатија, првенствено извозните, како и услужните, трговските да ги запишат и нивните менаџери да бидат дел од оваа Академија, бидејќи ова е една од најдобрите работи за нивните компании да бидат поконкурентни како на домашниот така и на странскиот пазар. Ова е исклучително важен проект за македонската економија и треба да биде прифатлив за секоја компанија која што сака да напредува“, изјави Калеников.

Министерот за образование г-дин Панче Кралев истакна дека министерството засега додели 10 стипениди во првите четири модули од смеровите: финансии, стратешки менаџмент, маркетинг и ПР. Ова е дирекна помош за 40 македонски компании со намера следната година да се прошири, да се зголеми бројот на стипендии. Според него, предност на овие часови е што се одвиваат за викенди кога менаџерите немаат работни активности и што се одвиваат со професори од реномирани универзитетити.

„Ова е надополнување на образованието кое претходно го стекнале преку интерактивни предавања со реални примери и проблематики од тековното работење во нивните компании. Кај нас има недостиг од стручен кадар. Во иднина планираме воведување на повеќе практични предмети во средното образовние, а не како досега со повеќе теоретски часови. Реформите ќе овозможат луѓето полесно да се вклучат во работата на компаниите“, додаде Кралев.

Целта на Академијата за Менаџери е да го подигне нивото на компетентноста и квалификациите во менаџментот низ развој и дистрибуирање на алатки за менаџерско размислување, техники и практики.

Академијата за менаџери е формирана под академска надлежност на Универзитетот Шефилд, CITY Колеџ – Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, во соработка со Сојузот на стопански комори на Р.Македонија и Министерство за образование и наука на Р.Македонија.

Универзитетот Шефилд е еден од најстарите британски универзитети, со светски углед за квалитет. Тој е водечки истражувачки универзитет, со седиште во Шефилд, во јужен Јоркшир, Англија. Во 2011 година е именуван за универзитет на годината во Велика Британија од страна на Times Higher Education Awards за академската 2011 - 2012 година.

Според QS ранг листата од 2012 година, Универзитетот Шефилд е 11ти во Велика Британија, 20ти во Европа, 66ти во светот и има 5 добитници на Нобеловата Награда.

 

Објави:

 

Галерија