Едукација од странски експерт за моќта на комуникацијата во лидерството и мотивацијата

Скопје (17.12.2012) - Како преку комуникација да бидете одлични лидери и мотиватори за младите. Ова предавање за професорите го организираше Академијата за Менаџери. Семинарот го одржа д-р. Димитрис Николаидис, директор на оделот за Бизнис аминистрација и економија и сениор професор на СИТИ Колеџ – Меѓународниот факултет на Шефилд Универзитетот.

„Образованието е најважниот елемент на секое општество и треба во целост да се почитува како таков. Секоја држава треба да инвестира во образованието, не само во монетарна смисла, туку и во смисла на човечки ресурси, страст и визија за подобро општество. Се надевам дека со овој семинар јас успеав да дадам придонес кон оваа цел“, изјави Димитрис Николаидис.

Целта на семинарот е да се претстават начините со кои може да се направи позитивна разлика во едукацијата на учениците и нивниот развој преку лидерство, мотивација и комуникација, од теорија до практика. Семинарот се фокусира на професионалниот развој на лидерот и тимот преку ефективна комуникација, темелно оценување и поддршка на учениците, менаџирање на промена, креирање на вештини, лидерство и мотивација.

Семинарот се одржа на иницијатива на Шефилд Универзитетот, СИТИ Колеџ – Меѓународниот факултет, во рамките на програмата за Меѓународна матура од гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје. Ова е еден од серијата бесплатни семинари кои ќе се организираат од страна на Академијата за Менаџери, со цел доедукација и доквалификација на човечки ресурси од приватниот и јавниот сектор во државата.

 

Објави:

 

Галерија