
Најава за продолжување на едукативната програма од смерот Стратешки маркетинг
Маркетинг светот се менува со неверојатна брзина и за да се биде дел од новиот бран на идеи и можности, мора постојано да се насочуваме кон остварување на поставената цел која подразбира подобрување на компанискиот перформанс и креирање задоволство кај крајниот потрошувач кој е клучна компонента на стратегискиот маркетинг – изјави професор Стелиос Кехајас
Скопје (28.01.2013) Овој викенд од 1-3 февруари во Скопје, ќе се одржи вториот модул, односно викенд предавање од програмата Стратешки маркетинг на тема – Пазарни стратегии за одржлив развој.
Целта на овој едукативен модул е да креира свесност кај учесниците за значењето на процесот на планирање и контрола во маркетинг активностите.
За да можеме да се справивме со конкуренцијата која од ден на ден е сè поголема и поактивна, потребно е преку интегрирање на процесот на стратегиски маркетинг да креираме подобра вредност на нашите потрошувачи, и да бидеме чекор пред останатите. Маркетинг светот се менува со неверојатна брзина и за да се биде дел од новиот бран на идеи и можности, мора постојано да се насочуваме кон остварување на поставената цел која подразбира подобрување на компанискиот перформанс и креирање задоволство кај крајниот потрошувач кој е клучна компонента на стратегискиот маркетинг – изјави професор Стелиос Кехајас.
Акцентот на ова предавање е ставен на стратешката позиција на планирањето и контролирањето во организациската средина. Воедно, учесниците ќе научат како да ги применуваат постоечките аналитички модели и техники, мерки и алатки при планирањето на маркетинг активностите и контрола на нивната имплементација, со цел постигнување врвни резултати.
Предавањето ќе го одржи г-дин Стелиос Кехајас, консултант и редовен професор на магистерските студии за Бизнис администрација наменети за извршни позиции на Меѓународниот факултет — CITY Колеџ при Универзитетот Шефилд, чијашто специјализација во наставата е Стратешки Менаџмент.
За академската 2012-2013 година, заклучно со месец мај, Академијата за менаџери ќе одржи вкупно 12 викенд предавања за специјализирани квалификации во програмите: Стратешки менаџмент, Стратешки маркетинг и Финансии
Објави:
- http://www.plusinfo.mk
- http://www.themen.mk
- http://hajdpark.mk
- http://www.primetime.mk
- http://www.radiomof.mk
