Над 800 дипломци во Македонија завршиле студии на Шефилд Универзитетот

(01.03.2013) – Скопје - Академија за Mенаџери под покровителство на Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ одржа средба на Шефилд дипломци во ресторан Арабеска. На настанот присуствуваа повеќе од 250 алумни менаџери од корпоративниот сектор во Република Македонија како и раководството и истакнати професори од Меѓународниот Факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ од Солун, Грција. Универзитетот Шефилд е еден од најстарите британски универзитети кој во 2011 година е именуван за универзитет на годината во Велика Британија од страна на Times Higher Education Awards за академската 2011-2012 година. Тој е еден од водечките истражувачки универзитети рангиран меѓу првите 100 универзитети во светот.

„Многу сум среќен што за прв пат во Скопје се организира ваков тип на собир на сите дипломци од Шефилд Универзитетот. Се надеваме дека во иднина оваа платформа ќе стане традиција на која ќе има можност дипломците од Македонија да комуницираат и да создаваат можности за идна меѓусебна соработка. СИТИ колеџ дава комплетна поддршка на регионалната канцеларија во Скопје, преку Академијата за Менаџери која ќе биде од интерес како за дипломците така и за идните студенти.“ изјави Јанис Верверидис, директор на СИТИ Колеџ.

Академијата за Mенаџери одржува силни врски и континуирана комуникација со сите индустрии застапени во нашата држава, што ќе овозможи прилагодување на потребите на пазарот како и следење на светските трендови и случувања.

„Академијата за Менаџери во континуирана соработка и комуникација со бизнис секторот во Република Македонија ги препознава потребите за соодветно образование и истражување, со кое ќе им се помогне на компаниите при соочување и решавање на тековните предизвици и потешкотии. Алумни собирот ќе ни стане традиција и ќе биде начин дипломците и тековните студенти да ги зајакнат меѓусебните соработки, да разменат практични знаења и искуства, и на тој начин да овозможиме развивање на бизнис мрежата во Македонија.“ додаде Марија Никовска, генерален директор на Академија за Менаџери.


Шефилд Универзитетот не нуди готови решенија туку ги мотивира менаџерите да размислуваат за нови идеи и предизвици, што го поттикнува претприемачкиот дух и со тоа создава нова вредност, велат студентите.


„Постдипломиските студии на Шефилд Универзитетот во Солун за мене претставуваат драгоцено искуство. После десет години работна кариера во банкарската дејност, го прифатив предизвикот да завршам една обемна програма наменета за извршни менаџери која од денешна гледна точка за мене има исклучително висока додадена вредност и внесе свежина во мојот професионален развој. Кога би издвоила што е најголемата придобивка од Шефилд на прво место е начинот на разработка на секоја научна област, со насочување на студентите своето знаење да го стекнат преку истражување на богатата “up to date” научна литература и практичната примена на истата во компаниите во кои самите работат.“ вели Донка Марковска, помошник директор на сектор во НЛБ Тутунска банка.


Академијата за Менаџери ќе ги остварува своите цели преку понуда на услуги со исклучителен квалитет во соработка со Универзитетот Шефилд и СИТИ Колеџ - Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, академска институција со светски познато реноме, со долго и опширно искуство во извршното образование.

 

Објави:

 

Видео:

  • 24 Вести, “За животот”: Шефилд Алумни Средба, Скопје 2013
  • Канал 5, Екстра Ексклузив: Шефилд Алумни Средба, Скопје 2013
  •  

    Галерија