Менаџерски обуки за директорите на јавните здравствени установи на Академија за Менаџери

„Оваа тренинг програма Академија за Менаџери ја креираше во консултација со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. За поефективен пристап кон тренинзите, имајќи го предвид фактот дека учесниците доаѓаат од различни здравствени установи и од различни позиции, обезбедивме четири модули на тренинзи: Економија на здравство, системи и политики; Организациско однесување; Организациски промени; и Менаџмент на синџири на снабдување. Целосната наставна програма е обезбедена од Универзитетот Шефилд, како и наставниот кадар, кој е составен од најдобрите професори од ова поле“, изјави Марија Никовска, директор на Академија за менаџери.

(Скопје, 4.11.2013) – 70 директори на јавни здравствени установи ги усовршуваат своите менаџерски вештини на Академија за Менаџери. Викендов се заокружи вториот модул во рамките на Специјализираната тренинг програма за медицинските и економските директори на Јавните здравствени установи.

Едукацијата ја изведуваат професори од Универзитетот Шефилд и СИТИ Колеџот.

„Оваа тренинг програма Академија за Менаџери ја креираше во консултација со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. За поефективен пристап кон тренинзите, имајќи го предвид фактот дека учесниците доаѓаат од различни здравствени установи и од различни позиции, обезбедивме четири модули на тренинзи: Економија на здравство, системи и политики; Организациско однесување; Организациски промени; и Менаџмент на синџири на снабдување. Целоснатанаставна програма е обезбедена од Универзитетот Шефилд, како и наставниот кадар, кој е составен од најдобрите професори од ова поле“, изјави Марија Никовска, директор на Академија за менаџери.

Вториот едукативен модул, Организациско однесување го предаваше г-дин Јанис Папаконстантину а опфаќа организациски структури, архитектура и дизајн на организациите и нови перспективи во организациското однесување.

Доедукацијата на медицинските и економските директори е дел од едногодишната тренинг програма, а вклучува 4 образовни модули, Економија на здравство, системи и политики, Организациско однесување, Организациски промени и Менаџмент на снабдувачки синџири.

По комплетирањето на четирите модули сите кои успешно ќе ја завршат тренинг програмата, ќе се здобијат со Сертификат за успешно комплетирање на специјализираната програма од престижниот Универзитет Шефилд.

 

Објавa:

 

 

Галерија