“Стратешки преговори за менаџери” - викенд предавање од Универзитетот Шефилд

Од 4ти до 6ти април во Хотел TЦЦ Гранд Плаза ќе се одржи викенд предавање на тема: “Стратешки преговори за менаџери”. Предавањето ќе биде предводено од Стелиос Кехајас, консултант и редовен професор на магистерските студии за Бизнис администрација наменети за извршни позиции на Меѓународниот факултет — СИТИ Колеџ при Универзитетот Шефилд.

Главна цел на ова предавање е учесниците да се запознаат со своите преговарачки стилови и способности, и да научат како да станат поефикасни преговарачи, како и остроумни набљудувачи на овој општествен процес.

Предавањето ќе се состои од многу дискусии на реални случаи, симулации, интерактивна партиципација на учесниците преку разни активности, индивидуално и во групи, кои ќе им овозможат на учесниците да бидат самокритични, да ги запознаат своите слаби страни во процесот на преговарање и ќе го поттикнат создавањето и подобрувањето на нивните вештини за преговарање.

Сите заинтересирани кои ќе се пријават до 28ми март добиваат промотивни бенефиции. Бројот на учесници е строго ограничен. За повеќе информации обратете се во канцеларијата на Академијата за Менаџери.

office@managersacademy.mk

+389 2 3064 533

 

Објави: